Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бројни награди за вината на тиквешките семејни винарии
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бројни награди за вината на тиквешките семејни винарии
Агровести

Бројни награди за вината на тиквешките семејни винарии

Објавено 23/06/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Бројни награди освоија вината на семејни винарии од Тиквешко, при оценувањето во рамките на десеттиот Балкански интернационален вински натпревар што овојпат се одржа во Скопје, информираат од Здружението „Тиквешки семејни винарии“.

Оттаму нагласуваат дека имале чест да бидат дел од големите вински семејства и звучни имиња од Балканот и пошироко. Од Здружението додаваат дека тиквешките семејни винарии со своите вина учествувале во избор на најдобрите вина од Балканот, во конкуренција од 260 учесници и скоро 1.000 вина за дегустација. Притоа се здобиле со едно големо злато, шест сребра и исто толку бронзи.

-Од десет награди големо злато што ги освоија македонските винарии, едно припаѓа на семејната винарија „Попови“ од Кавадарци за „кабернесовињон барик“. Попови освои и две сребра, за нивната „темјаника“ и „вранец“. Винаријата „Ерос“ освои две сребра, за „вранец“ и „шардоне“, а бронза за „жилавка“. Ристо Мијов доби сребро за виното „на Ице Пловдина“ и бронза за „вранец“. Сребро во специјална категорија освои Елена Богева за виното „gold honey wine“, соопшти претседателот на Здружението, Горан Јаковлевски.

Сeмејните винарии на Горан Јаковлевски и подрум „Параџик“ освоиле бронза за своите вина „вранец“, а Иванов Подрум за „Розе станушина македонско девојче“.

-Виното „Максимилијан“ на истоимената винарница освои исто така бронза. Сите овие награди се голем успех, а секако и сигурно признание дека нашите вина се со одличен квалитет. Следниот ваков натпревар е во Атина во 2022 година, а ние со овие награди имаме поголем моти вза бербата што ни следува, информира Јаковлевски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:винаријавиноТиквеш
Претходен напис Македонија е зафатена од топол бран со температури над 40 степени
Следен напис Злато за медот на Игор Најдов од кавадаречко Конопиште на меѓународен натпревар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?