Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Млада дива свиња забележана во делчевскиот Детски парк
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Млада дива свиња забележана во делчевскиот Детски парк
Агровести

Млада дива свиња забележана во делчевскиот Детски парк

Објавено 21/06/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Млада дива свиња вчера ги растревожи посетителите во делчевскиот Детски парк во населбата Ново Делчево. Свињата прва ја забележала делчевката Розета Сугарева која случајот го пријавила во полиција, од каде поради ненадлежност за случајот добила насока да се обрати до шинтерска служба или Ловно друштво.

Случката ја потврдија и родители кои со своите деца го посетија Детскиот парк во Ново Делчево.

-Само што стасавме и се паркиравме прасето беше овде кај лулашките. Кога ги виде децата избега, некој од присутните рече најверојатно кон реката. Имаше од 40-50 килограми, не правеше проблеми изгледаше повеќе уплашено, истакна родител на едно од децата кои си играа во паркот.

Ваквата појава според родителот е невообичаена, бидејки порано немало вакви случаи во градот да се шетаат диви свињи.

-Чудно во последно време ја има таа појава. Мислам дека тоа е така бидејќи ги има во поголем број во шумите и затоа се спуштаат во градските подрачја – додава родителот од Делчево.

Постарите жители кои ги затекнавме во паркот се осврнаа и на неодамнешниот случај за присуството на мечка која била забележана во атарот на неколку села.

-Тоа со мечката е така, бидејќи тие диви животни се движат онаму каде што нема луѓе, а бидејќи во повеќето наши села веќе нема жители, се случува да се симнат од повисоките места и да уништат пчеларници како што тоа беше случај во селото Киселица и на неколку други места – истакна Драган Димитровски од Делчево.

Велат дека ваквите појави и понатаму ќе бидат забележливи во селските средини особено во селата каде што повеќе не живеат луѓе.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:делчеводива свиња
Претходен напис Хрватска: Време е за дигитализација на земјоделството, на располагање се повеќе од 5 милијарди евра
Следен напис Планинарскиот дом Љуботен одбележа 90 години
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?