Блитвата е двегодишно растение. Хранливата вредност е во ранг на спанаќот и содржи 2% протеини, 16% минерални материи, 3,4% целулоза. Многу е богата со витамин Ц (70 мг%). Значително е потолерантна на високите летни температури од спанаѓот, со повеќе лисна маса и подолг период на користење.
Оптималната температура на одгледување е околу 18 степени Целзиусови. Изложена на температури од 2-4 степени Целзиусови има за последица формирање на цветни стебла во првата година. Добро развиениот коренов систем обезбедува добра лисна маса и при високи температури, без наводнување. Блитвата добро поднесува ѓубрење со органско ѓубриво и зависно од видот на земјиштето таа количина се движи околу 30 т/ха.
Важно е дека стигнува за 80 дена за продажба.
Доколку не се користи арско ѓубриво, количините на минерални ѓубрива се движат:
N 100-120 кг/хa
P2O5 80-120 кг/хa
K2O 100 кг/хa
Од вкупната количина, дел од азотот се користи за прихрана. Сеењето се извршува со 15 кг/ха семе со меѓуредово растојание од 45 см, а во редовите растојанието е 20-30 см. После две берби растенијата прихранете ги и по потреба наводнувајте ги. За берба стигнува 80 дена по седибата или нешто порано. Се берат надворешните листови, со сечење, водејќи сметка да не се повреди централниот дел на розетата.
Приносот на лисја се движи од 25-35 т/ха.
Извор: agroinfonet.com
