Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Соларните огради за пасиштата стануваат тренд во земјоделството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Соларните огради за пасиштата стануваат тренд во земјоделството
АгровестиСточарско производство

Соларните огради за пасиштата стануваат тренд во земјоделството

Објавено 16/06/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Соларните панели стануваат сѐ поголем тренд во земјоделското производство, особено кога станува збор за сточарство. Оградите што спречуваат добитокот да побегне, а произведуваат и електрична енергија веќе го најдоа своето место на фармите во Западна Европа.

Овие огради произведуваат електрична енергија и со тоа заштедуваат ресурси. Всушност тоа е комбинација од конструкција на ограда и соларни панели кои мора да се монтираат вертикално или под агол, и може да се прилагодат на секаков вид терен, пишува Аgrarheute.

Истражувањето на научниците од Државниот универзитет во Орегон покажало дека продуктивноста на земјиштето може значително да се зголеми со комбинирање на пасењето овци и производство на сончева енергија на истото земјиште. ScienceDaily пренесува дека кај соларните панели позитивно е што даваат вредност во смисла на производството на енергија, но тие придонесуваат и за благосостојбата на животните. Им прават сенка, а тие пијат помалку вода.

Ваквите проекти во САД се зголемија за 48 проценти во текот на изминатата деценија, а сегашниот капацитет се очекува двојно да се зголеми во следните пет години. Истражувањата исто така потврдија дека растенијата што сакаат сенка можат да имаат подобар принос во комбинација со соларни панели.

Ладење на млекото

Одгледувачите на говеда од африканските земји често немаат приклучоци за струја и можат да продаваат само мал дел од млекото поради недостаток на опрема за ладење. Поради оваа причина, тие не можат целосно да го искористат потенцијалот на нивните фарми. За да им биде полесно, научниците од германскиот универзитет во Хохенхајм развија систем за ладење со соларен погон, погоден за земјоделци со мал број крави.

Системот произведува блокови мраз со помош на соларна енергија. Тежат околу два килограми и достигнуваат до средината на контејнерот за млеко. За да не се мешаат со оваа намирница, се ставаат во дополнителен сад, одржувајќи ниска температура.

„Со ваков систем, млекото може да се лади 12 часа и да се спречи размножување на бактерии“, објаснува Виктор Торес Толедо, докторанд на Универзитетот.

Овој систем веќе го применуваат земјоделците во Кенија уште од октомври 2016 година. Научниците најавија дека наскоро ќе развијат машини за молзење и чистење на соларен погон.

Извор: agroklub.com

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ограда пасиштасоларни панели
Претходен напис Ова лето Европа ја очекуваат суши, поплави, топлотни бранови и пожари, предупредува Европската агенција за животна средина
Следен напис Сѐ што треба да знаете за собирање и сушење лековити растенија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?