Во рамките на кампањата да слушнеме од земјоделците за нацрт законот за продажба на земјоделско земјиште, остварив средба со сопствениците на неколку земјоделски компании.

Еден од нив е Нури Сулејмани од Арачиново кој како сопственик на Земјоделскиот комбинат „Сингелиќ“ работи земјоделско земјиште на површина од 750 хектари.
Внимателно ги слушав предлозите и забелешките за нацрт-законот за продажба на земјоделско земјиште.
И самиот господин Сулејмани покажа интерес за купување на земјоделско земјиште и рече дека ова е добра можност да се гарантира континуитет на обработката на ова земјиште и можностите што ќе им бидат понудени за инвестирање во нови технологии и модерна механизација.
Продолжуваме и понатаму да бидеме транспарентни, инклузивни во развојот на земјоделството и ориентирани кон модернизација во согласност со светските трендови и во партнерство со земјоделците!
Фејсбук статус на Арјанит Хоџа – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

