Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бочварски: Инвестираме во Берово во развој на инфраструктурата и туризмот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Бочварски: Инвестираме во Берово во развој на инфраструктурата и туризмот
Рурален Развој

Бочварски: Инвестираме во Берово во развој на инфраструктурата и туризмот

Објавено 12/06/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

“Иако примарен фокус ставаме на регионалното поврзување преку модернизација и изгрaдба на нови патишта, посебен приоритет даваме и на локалните патни правци заради побрз локален развој и модернизација на општините. Инвестициите во патната мрежа се неопходни заради потребата да создадеме услови за подобар живот за граѓаните”, изјави министерот зa транспорт и врски, Благој Бочварски при работната посета во општина Берово.

Министерот заедно со градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски, извршија увид во реконструкција на локалниот пат до населеното место Двориште.

Патниот правец е со должина од 3300 метри, инвестицијата е во вредност од 424 илјади евра, средства обезбедени од Министерството за транспорт и врски, преку заемот од Светска банка.

“Проекот за Поврзување на локалните патишта овозможува развој на локалната патна мрежа и поодбрување на урбаното живеење.  Денеска со градоначалникот го потпишавме договорот за реконструкција на локалниот пат до селото Двориште во должина од 3.300 метри. Очекуваме работите да бидат целосно завршени за околу десетина календарски месеци.

Би сакал да потенцирам дека реконструкцијата на овој пат е по барање на жителите и верувам дека со неговата санација ќе се обезбеди поголема безбедност и подобра комуникација меѓу населените места”, изјави министерот Благој Бочварски.

Тој најави дека од следната недела преку Министерството за транспорт и врски се започнува со реконстркција на водоводната мрежа во туристичката населба Беровско езеро. Со проектот се предвидува изградба на цевковод во должина од 1909 метри,  како и  изградба на секундарн мрежа долга 1105 метри за водоснабдување на туристичка населба.

Градоначалникот Звонко Пекевски истакна дека сите овие инфраструктурани  проекти се од огромно значење за развојот на градот, туризмот и локалната економија.

”Со овие проекти решаваме долгогодишен горлив комунален и инфраструктурен проблем за жителите на Двориште. Ова е голема инвестиција која со нашиот буџет на општината немаше да ја реализираме целосно. Исто така сакам да најавам дека и преку Бирото за регионален развој од следната недела започнуваме со реконструкција на уште една улица во населеното место Смоимирово”, изјави градоначалникот на општина Берово, Звонко Кепевски.

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
РСЕ: Како лекарите да се вратат во селата?
Претходен напис Лидија Попандонова, претставник во Мисијата на РСМ при Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации – ФАО во Рим
Следен напис Сулејмани, сопственик на ЗК„Сингелиќ“, работи 750 хектари државно земјоделско земјиште: Законот за продажба е добра можност за развој
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?