Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бачовски: Инвестицијата во младите е инвестиција во иднината на државата и регионите каде што вршат земјоделска дејност
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Бачовски: Инвестицијата во младите е инвестиција во иднината на државата и регионите каде што вршат земјоделска дејност
Рурален Развој

Бачовски: Инвестицијата во младите е инвестиција во иднината на државата и регионите каде што вршат земјоделска дејност

Објавено 11/06/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image


Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски денеска беше во посета на успешно реализиран и поддржан проект преку програмата за рурален развој. Станува збор за младиот земјоделец Благојче Ристовски од Прилеп, кој ги користел средствата кои се доделуваат преку мерката „112 Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност.“ Директорот Бачовски посочи дека е горд што младите луѓе ги користат мерките за реализација на своите идеи.

„Овој проект е само еден од низата успешно реализирани проекти преку мерката 112, Млад земјоделец со подддршка до 10 илјади евра. Ристовски, доби финансиска поддршка од 302 илјади денари со кои набавил опрема за пчеларство и нуклеуси и, ова што во моментов го гледам е одлично завршен проект преку кој е поставена основата за сопствено одгледување на пчели и производство на мед. Како прв човек на АФПЗРР и како млад, сум многу горд на ваквите проекти, но и на мерките и политиките кои ги спроведуваме. Овие проекти само покажуваат дека секоја инвестиција во младите е инвестија и во иднината на нашата држава, во иднината и перспективата на економијата, на нови работни места. Ова е доказ дека ова е само еден од начините како ги мотивираме младите да создаваат свои бизниси, да отвораат свои фарми, да го модернизираат и зголемуваат производството на земјоделски производи“, рече Бачовски.

На денешната средба, Ристовски му појасни на директорот Бачовски дека преку оваа мерка успеал да си ја реализира желбата за одгледување на пчели, а поддршката која ја добил преку Агенцијата му била добредојдена за отпочнување на овој проект. Ристовски апелира младите да не се плашат и да ги искористат поволностите кои ги нудат програмите и мерките за земјоделство и да си отвораат сопствени фарми, да произведуваат домашна храна и да ги развиваат местата каде што живеат.

Владата, Агенцијата, остануваат посветени на креирање на поволни услови за раст и развој на домашниот агросектор. Земјоделството е нашата шанса за создавање на нови производи, отворање на нови капацитети и нови работни места кои ќе влијаат поволно на раст и развој на домашната економија.

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
Објавен Јавен повик од програмата за рурален развој Мерка 213 – Поддршка за зачувување на руралните предели
Таг:Бачовскирурален развој
Претходен напис Градоначалникот на Ресен, Гошаревски: Во понеделник ќе биде објавен јавен повик за пријавување на штети
Следен напис Лидија Попандонова, претставник во Мисијата на РСМ при Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации – ФАО во Рим
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?