Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Отвoрен мини ЗОО Парк во средното училиште СУГС „Браќа Миладиновци“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Отвoрен мини ЗОО Парк во средното училиште СУГС „Браќа Миладиновци“
Агровести

(ВИДЕО) Отвoрен мини ЗОО Парк во средното училиште СУГС „Браќа Миладиновци“

Објавено 10/06/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, заедно со министерката за образование и наука, Мила Царовска, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Кисела Вода, ФилипТемелковски, ученици и наставен кадар на училиштето СУГС „Браќа Миладиновци“ присуствуваше на свечено отворање за јавност на мини ЗОО Паркот на ова средно училиштето во Драчево.

Во конкуренција на триесетина средни училишта од државава, учениците од ова средно училиште се победници на два натпревари во организација на Фондот за иновации и технолошки развој, со Проектите за мини ЗОО Парк и Систем за аквапоника.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопантсво Арјанит Хоџа, изјави дека учениците од земјоделско-ветеринараната струка, секогаш ќе и бидат потребни на една држава.  

 „Јас верувам дека сите средни училишта во Република Северна Македонија постојано остваруваат успеси и постигнуваат одлични резулати, но ова училиште е посебно, бидејќи е единственото средно училиште кое има своја сопствена мини зоолошка градина со многу животни и птици. Јас би ги повикал најмногу полуматурантите, особено оние кои сакаат природа и животни, да го посетат училиштето и да се уверат дека овде ќе учат опкружени со пририда. Ќе научат зошто аквапониката е еден од најсовремените производствени процеси во кои животот во симбиоза на различни биолошки видови, дава одлични резултати во земјоделското производство. Ете тоа е иднината, тоа се тие напредни иновативни идеи. Тоа е познатата младешка енергија, која носи развој“ изјави министерот Хоџа.  Тој додаде дека земјоделството е иднината. Всушност, земјоделството не е само иднина, тоа е основа. Без земјоделство, без производство на храна, без одржливо управување со природните ресурси, и сите други  неопходни услови за живот, човекот неможе да опстане. Затоа развиените држави имаат најразвиено земјоделство и инвестираат постојано во развој и јакнење на секторот.

Министерката за образование и наука изјави дека токму ваквите успешни млади луѓе со храбри идеи се мотивот за министерството за образование да го препознава ваквиот квалитет и да го стимулира. Токму за таа цел се наменети стипендиите за средните стручни училишта.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов изјави дека ова училиште е едно од најкреативните училиште и упати искрени честитки кон директорката, нејзиниот тим и сите ученици за постигнатите резултати.

Директорката на СУГС„Браќа Миладиновци“ Елизабета Ангелеска, изјави дека е горда на своите ученици и ги повика сите вљубеници во природата да го посетат мини ЗОО Паркот а  полуматурантите, да се запишат во ова училиште и да учат непосредно грижејќи се за животните и уживајќи во прекрасното опкружување на хортикултурно уредениот двор, во кој е сместен ЗОО Паркот со околу педесет животни, домашни и светски, како и многу птици.

ЗОО Паркот од денеска е отворен за посетители. Влезот нема да се наплатува, концептот е да се остават пари на доброволна основа, но најмалку десет денари со кои воедно посетителите ќе можат да купат храна за животните и птиците.

 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Претходен напис (ВИДЕО) Ангелеска: Стипендии на средношколците од земјоделско-ветеринарната струка, да ги привлечеме младите со поголема промоција за оваа благородна професија
Следен напис Претпладне променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?