Првата соларна термоцентрала во Латинска Америка е отворена во Чиле, грандиозен проект во пустината Атакама, што ќе и олесни на таа земја да ја постигне целта – неутралност на јаглен до 2050 година.
Фасцинантниот проект „Серо Доминадор“ во најсушната пустина во светот, вреден 1,4 милијарди долари, најавен е уште во 2013 година, а ќе користи технологија која овозможува складирање на сончева топлина за производство на електрична енергија со часови, па дури и ноќе, за разлика од традиционалните фотоволтаични соларни централи или ветерните електрани кои произведуваат електрична енергија само додека сонцето свети или ветерот дува.
-Богата со сонце и ветер, Чиле има обврска да ја искористи предноста на обновливите извори за да го елиминира јагленот од електроенергетскиот сектор до 2040 година и да постигне неутралност на јаглен. Порано бевме сиромашни со енергија, имавме малку нафта, јаглен и гас, но неизмерно сме богати кога станува збор за енергијата на иднината. Имаме пустини со највисоко сончево зрачење во светот – вели претседателот на Чиле, Себастијан Пињера.
Целта на проектот „Серо Доминадор“ е да се надмине јазот по отстранувањето на електраните на јаглен и да се помогне во снабдувањето на чилеанската мрежа со електрична енергија кога нема да можат ветерот и сонцето.
Се проценува дека ќе се произведат вкупно 210 MW чиста енергија, што е доволно за снабдување на 380.000 домаќинства во Чиле.
Покрај кулата, електраната ќе има можност да складира и топлинска енергија со употреба на растворливи соли со вкупен капацитет од 17,5 часа.
