Градина Кеукенхоф (Холандија)
Оваа цветна градина е позната под името градина на Европа, се наоѓа во холандскиот град со име Лисе, кој е оддалечен од главниот град Амстердам помалку од 40 км. Првата асоцијација на споменување на Холандија покрај ветерниците е секако лалето. Овој парк поседува голем број луковици од ова прекрасно цвеќе, во паркот се наоѓаат околу 800 сорти на лале, а на површина од 32 хектари се наоѓа и голем избор на друго цвеќе како рози, орхидеи, нарциси, лилјани, ириси, каранфили, зумбули.


Според тоа, во оваа холандска градина во текот на секоја година се засадуваат 7 милиони разнобојни цветови, и претставува рај за љубителите на хортикултурата. Меѓутоа, важно е да се напомене дека градината е отворена само од средината на март до половината на петтиот месец бидејќи во тој период цветаат лалињата.



Интересна работа кај оваа градина е тоа што секоја година има различна тема, и невозможно е да се види двапати на ист начин. Градината е отворена во 20 век, поточно во 1949 година за 20 одгледувачи на цвеќе од оваа земја да ги претстават своите волшебни цвеќиња.
Градина Монет (Франција)
Ова е вистински избор за љубителите на импресионизмот и француската уметност. На оддалеченост од околу 80 км од Париз, во село Живерн, се наоѓа градината на прочуениот сликар Клод Моне. Оваа градина се состои од два дела – цветен и воден.

Историја на оваа градина е особено интересна, уметникот во ова убаво село дошол во 1883 година на напуштен имот за кој помислил дека може да се преуреди, што и го направил заедно со својата сопруга и осумте деца.
Комбинирал булки и бели ради со други цвеќиња, централната алеја ја декорирал со железни лакови со ружи, бидејќи цвеќето била негова вечна инспирација.

Уште една работа го мотивирала во уредувањето на градината, а тоа е начинот на кој тоа го правеле далечните Јапонци, па мостот во форма на воден парк го обоил во зелена боја и го збогатил со цвеќиња карактеристични за источната култура: бамбус, гинко, жална врба.
Версајска градина (Франција)
Сигурни сме дека не постои личност која не слушнала за Версајскиот дворец, прочуената градина за која се поврзуваат раскошот на буржоаската револуција и засекогаш мистичната личност на Марија Антоанета со нејзината прочуена реченица – Ако немаат леб, нека јадат колачи!

Настанал како дело на прочуениот француски пејзажен архитект Андре Ле Нотра кој бил ангажиран од Луј XIV. Замислата била се да биде во знакот на кралот и неговото величество, т.е идејата на неговот творец била градините да се простираат од исток кон запад, следејќи го патот на Сонцето. Версајските паркови се простираат на дури 815 хектари.

Сместен во предградието на Париз, Версај претставува назаобиколива дестинација на светските туристи. Ова и не зачудува, бидејќи раскошното здание сведочи за историски важно поглавје за Франција. Овде се наоѓаат близу 400 статуи од бронза и мермер, 200 илјади стебла, 55 водени површини.

Интересен е податокот дека познатата Марија Антоанета во рамки на имотот имала сопствена градина во која се одгледувал зеленчук за нејзини потреби, како и домашни животни за секогаш да има на располагање млеко и сирење. Освен тоа, многу било важно како ќе бидете облечени при посета на градините, и постоел специјален кодекс на облекување.
