Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бачовски: Исплатени субвенциите за индивудуални земјоделци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Бачовски: Исплатени субвенциите за индивудуални земјоделци
Субвенции

Бачовски: Исплатени субвенциите за индивудуални земјоделци

Објавено 09/06/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на сметките на 2.332 субјекти исплати околу 51 милиони денари за мерката „Дополнителна помош од 20% на носител на земјоделски стопанства кој е регистриран вршител на земјоделска дејност согласно со Законот за вршење на земјоделска дејност или е регистриран како индивидуален земјоделец согласно со Законот за пензиското и инвалидското осигурување.“

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски информира дека:
„Право за користење на овие средства имаат сите земјоделски стопанства кои се регистрирани земјоделци и кои земале субвенции по основните мерки од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2018 година. Овие корисници ќе добијат 20 % повисоки субвенции на вкупаната исплатена сума по основни субвенции.“ – информира Бачовски.

Исто така на сметките на 6.930 фармери кои го зголемиле стадото во споредба со претходната година исплатени се 26,1 милион денари. Станува забор за исплата на 30 отсто повисока субвенција од основната за секој фармер кој во споредба со претходната година го зголемил бројот на грла од основното стадо на говеда, овци, кози, маторици, несилки и пчелини семејства. Преку оваа мерка се овозможува поттикнување за зголемување на сточниот фонд и развој на домашното сточарство. На овој начин директно влијаеме врз обезбедување на домашна суровина на месо, производи од месо, млеко, мед, потенцираат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Може да ви се допадне

ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ за поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија и цвеќе
Серафимовски: Ќе се УКИНЕ условот висината на субвенциите да зависи од минимум 30% продадено или предадено производство
Исплатени 372 201 760 денари СУБВЕНЦИИ на 4284 одгледувачи на ГОВЕДА
Исплатени 13 925 888 денари на 85 производители на тутун
ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ НА ОРГАНСКИ производители на сертифициран материјал, органски производи и насади
Таг:Бачовскииндивидуални земјоделсцисубвенции
Претходен напис Гевгелија и Валандово ги подобруваат условите за работа во индустриските зони
Следен напис Утре ќе се одржи вебинар на тема „РАЗНОВИДНОСТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ВИДОВИ – Пропуштена шанса или обновена надеж“
1 коментар 1 коментар
  • Saso напиша:
    на 10/06/2021 г. во 16:24 часот

    Koga za mleko

    Reply

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?