Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Светскиот саем Fruit Logistica ги отвора вратите во 2022 – почнаа пријавите за изложувачи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > Светскиот саем Fruit Logistica ги отвора вратите во 2022 – почнаа пријавите за изложувачи
Саеми и манифестации

Светскиот саем Fruit Logistica ги отвора вратите во 2022 – почнаа пријавите за изложувачи

Објавено 09/06/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Еден од најголемите светски саеми – Fruit Logistica, по пауза поради пандемијата, ќе ги отвори вратите следната година, најавуваат организаторите. Според сегашниот план, тој треба да се одржи од 9 до 11 февруари 2022 година во Берлин, и се поканети да се пријават сите заинтересирани изложувачи.

„Минатата година нѐ запре пандемијата ковид-19. Но, поради достапните вакцини, растечкиот имунитет на нацијата и падот на бројот на заразени, гледаме позитивно кон иднината и конечно сакаме да го организираме настанот во живо“, велат организаторите.

Оваа манифестација, која се одржува на површина од скоро 145 илјади квадратни метри, ги обединува производителите на свежо овошје и зеленчук. Но, има и бројни увозници, извозници, трговци на големо и малопродажба, експерти за пакување и ракување со овошје, транспорт, логистика и сите оние кои се дел од големата слика на овој сектор.

Минатата година, пет хрватски производители се претставија на Fruit Logistica што се одржа во февруари.

Секоја година, повеќе од 3.000 излагачи и близу 80.000 посетители учествуваат за да го реализираат својот целосен деловен потенцијал во меѓународната трговија со свежи производи. Исто така, традиционално е избрана идејата со најдобар потенцијал The Fruit Logistica Innovation Award (FLIA). Тоа е признание за најистакнатите иновации на целиот синџир на снабдување со овошје и зеленчук, од производството до продажното место.

Крајниот рок е 31 јули 2021 година, а пријавувањето е на следниот линк:

https://www.fruitlogistica.com/en/exhibitors/stand-rental/?fbclid=IwAR3Xy5JnfPluY4D4G0nLyZo-fIdf-8VdUog1gtl3Q_7GC-7xsqaKfUANzvg

Може да ви се допадне

Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
Влада на Србија: Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам од 22 до 25 ноември во Белград
Македонските компании за првпат учествуваат на Меѓународниот саем АДИФЕ, можност за промоција на македонските производи
„Фестивал на жетвата“ денеска и утре ќе се одржи во Општина Новаци
Во Вински музеј Кавадарци се одржа Гурмански викенд
Таг:Fruit Logistica
Претходен напис „Знак за безбеден туризам” – ССК издава меѓународен сертификат дека Македонија е безбедна туристичка дестинација
Следен напис Одгледување на тиквички е високо профитабилно во земјоделскиот бизнис
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?