Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Битиќи: Западниот Балкан е регион кој има голем потенцијал да стане особено привлечна дестинација за инвестиции
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Битиќи: Западниот Балкан е регион кој има голем потенцијал да стане особено привлечна дестинација за инвестиции
Агровести

Битиќи: Западниот Балкан е регион кој има голем потенцијал да стане особено привлечна дестинација за инвестиции

Објавено 08/06/2021
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи на покана на „Институтот за менаџмент и бизнис Хајделберг“, се обрати на панел дискусијата „Економската ситуација во ЕУ, особено во Германија како земја партнер на балканските држави“, која се одржа преку видео конференциска врска, во рамките на „Балканска бизнис недела“, а на која покрај вицепремиерот учествуваа и министерот за финансии д-р Фатмир Бесими, гувернерката на НБРСМ, д-р Анита Ангеловска Бежовска, извршниот директор и претседател на бордот на директори на Стопанска банка, Диомидис Николетополус, заменик претседавачот на Комитетот за одбрана во Парламентот на СР Германија, д-р Карл Ламерс и претседателот на Хајделберг институтот, д-р Улрих Цајтел.

Вицепремиерот Битиќи, во своето обраќање на панел дискусијата посочи дека битката со КОВИД-19 е сè уште присутна во сите земји во светот, при што искажа оптимизам дека со процесот на имунизација, со сигурни чекори се пристапува кон економското закрепување. Најголемиот предизвик во борбата со пандемијата, рече вицепремиерот, беше да се одржи стабилноста на здравствениот систем, а истовремено да се минимизираат последиците од пандемијата врз економскиот систем и да се задржат работните места на граѓаните, што е и направено со имплементација на шесте пакета економски мерки за поддршка на стопанството и граѓаните.

„Во однос на економската стабилност, имаме добро закрепнување на извозот, поради фактот што Северна Македонија најмногу привлекува бизниси со средна големина, не многу големи, што пак овозможува економијата да биде избалансирана и бизнисите да можат да излезат лесно од кризата и да се фокусираат кон закрепнување. Би сакал да истакнам дека позитивни се индикаторите во секторот автомобилска индустрија, во фармацевтски материјали и делови за електрични возила, како и во извоз на ИТ софтвер и услуги. Просечната плата бележи пораст од 6,8% во март годинава, а индустриското производство забележа и пораст од 46,1% во април годинава. Критичарите ќе речат дека овој резултат е постигнат поради лошата основа за споредба од претходната година, но во споредба со истиот месец во 2019 година, што историски е најдобрата година за индустријата на Северна Македонија, индустриското производство во април 2021 година падна само за околу 7%, што укажува на тоа дека сè уште не сме го достигнале нивото на 2019 година, но трендот е нагорен и очекуваме да го достигнеме и надминеме нивото на 2019 година на почетокот на втората половина на 2021 година. Најновите податоци за вработеноста на крајот на првиот квартал од 2021 година се исто така многу охрабрувачки. Стапката на невработеност падна на историско најниско ниво од 16,0%, додека стапката на вработеност втор квартал по ред се зголемува од 46,8% на крајот на 2020 година, сега имаме стапка на вработеност од 47,1% или апсолутно бројки во текот на првите три месеци од 2021 година кога целата светска економија сè уште беше погодена од кризата КОВИД-19, во Северна Македонија се отворија околу 3.500 нови работни места“, нагласи вицепремиерот.

Вицепремиерот зборуваше и за идните планови на Владата, при што се осврна на „Интервентниот план за инвестиции“, со вкупна вредност од околу 8,1 милијарди евра, а со кој се планира реализација на клучни проекти за создавање на одржлива и брзо растечка економија.

„Го објавивме нашиот инвестициски план за следните седум години, кој вклучува 3,1 милијарди евра инвестиции во зелена енергија, 2,7 милијарди евра инвестиции во патишта и железничка инфраструктура, 800 милиони евра инвестиции во производството, 300 милиони евра инвестиции во малопродажба, 500 милиони евра инвестиции во јавното здравство, 500 милиони евра во инвестиции во локална / комунална инфраструктура и околу 200 милиони евра инвестиции во туризмот. Тоа се вкупно 8,1 милијарди евра инвестиции. Нашиот план за инвестиции во следните седум години е фокусиран, тој е план да станеме подобра земја со почиста и позелена средина, со подобрена инфраструктура и подобри патишта, со посилен јавен здравствен систем, со подобрена и иновативна комунална инфраструктура и подобар систем за управување со отпад, и конечно, попривлечна туристичка дестинација, бидејќи туризмот беше една од индустриите што влијае на многу вработени, но исто така и на секој граѓанин. Сето ова ќе ја зголеми конкурентноста на нашата земја и на економијата“, потенцираше вицепремиерот.

Битиќи информираше дека во подготовка е и Национална развојна стратегија од 2021-2041, која треба да ги одразува меѓугенерацискиот, родовиот, меѓуетничкиот, меѓупартискиот и долгорочниот консензус за приоритетите на Северна Македонија, со цел да се обезбеди инклузивен, зелен и одржлив развој за секого, особено за ранливите категории на граѓани.

На крајот на своето обраќање вицепремиерот ја истакна како клучна регионалната соработка помеѓу земјите од Западен Балкан, со крајна цел создавање на конкурентен и атрактивен регион за реализација на нови инвестиции.

„Би сакал да ја искористам оваа можност да го ставам во центарот на вниманието уште еднаш, важноста на обединувањето на Западен Балкан како еден регион, бидејќи силно верувам дека само заедно – можеме да постигнеме поголема конкурентност и да привлечеме повеќе инвестиции. Локацијата на Западен Балкан е многу привлечна, а овој регион има толку голем потенцијал да стане особено привлечна дестинација за инвестиции, но исто така заедно треба да работиме на создавање силни синџири на вредности и да го искористиме максимумот од нашата конкурентска предност, а тоа е близината од европските пазари. Поединечно, ние сме мали земји со големи аспирации, но заедно сме одличен регион со уште поголем просперитет. Заедништвото е клуч за успешноста“, заврши во своето обраќање вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Претходен напис (Фото) Васка Спасовска од „Меден Исток“ пчелари на одржлив начин, без употреба на синтетички хемиски средства
Следен напис Од 1 октомври недела неработен ден
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?