Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бектеши: Силно се залагаме за спроведување на зелената агенда, граѓаните ќе добијат субвенции до 18.000 денари за вградување на плински уред во возилата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бектеши: Силно се залагаме за спроведување на зелената агенда, граѓаните ќе добијат субвенции до 18.000 денари за вградување на плински уред во возилата
Агровести

Бектеши: Силно се залагаме за спроведување на зелената агенда, граѓаните ќе добијат субвенции до 18.000 денари за вградување на плински уред во возилата

Објавено 07/06/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сите граѓани кои што од утре ќе купат и ќе вградат уред на погон на течен гас (ТНГ), метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата ќе имаат можност да остварат поврат од 50 проценти од трошокот, но не повеќе од 18.000 денари.

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес конференција информираше дека утре ќе биде објавен јавниот повик за субвенции за вградување на ваков уред во возилата.

„Многу ми е драго што нашата Влада ја има прифатено и се залага за зелената агенда и затоа со задоволство денес пред вас претставувам една од мерките кои што следат во процесот на подобрување на квалитетот на животот и на животната средина. Зелената агенда ја промовираме денес со една од мерките за справување со аерозагадувањето од страна на возилата, а тоа е мерката за субвенционирање на граѓаните коишто ќе вградат уреди на течен гас (ТНГ), метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата“ кажа Бектеши.

Министерот информираше дека според огласот сите граѓани кои што од утре ќе вградат ваков вид на уреди во своите возила ќе можат да остварат право на поврат од 50 проценти од средствата за вградување на плински уред, но не повеќе од 18.000 денари односно 300 евра.

За да добијат субвенции, сопствениците на возила произведени од 2005 година па наваму, треба да извршат купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата, по денот на објавување на Јавниот повик, во некој од фирмите кои вршат продажба и вградување на таквите уреди.

„Со така преправеното возило сопственикот треба да се упати во Техничка служба која ќе ја констатира преправката и сопственикот ќе биде упатен во МВР каде треба да се пријави преправката. Во МВР на сопственикот му се издава упатница, која ја доставува до техничката служба, за да биде извршена проверка на сообразноста на направената преправка. Техничката служба го прегледува возилото, изготвува записник и издава потврда за сообразност на вградениот уред (познатa како АТЕСТ) и пропратно писмо. Со Потврдата и писмото, сопственикот се упатува на шалтер на МВР (во техничката служба или станица за технички преглед) каде добива нова сообраќајна дозвола во која е евидентирана преправката односно дека е ммонтиран уред за погон на ТНГ, метан или слично, појасни министерот и додаде дека постапката од моментот на доѓање во техничката служба до издавњето на новата сообраќајна дозвола не трае повеќе од 2 до 3 дена.

„Оваа мерка која што произлегува од Законот за моторни возила се однесува на две важни подрачја, а тоа е сообраќајот и екологијата и се плод на барањата на граѓаните, има главна цел да се намали загадувањето на воздухот од страна на возилата Огласот ќе трае точно 60 дена од денот на објавувањето и ќе се одвива по принципот „Прв дојден, прв услужен“. Надоместок на дел од трошоците ќе се врши за само едно возило во семејство. Ова е потврда дека ние заедно се залагаме за подобра и зелена иднина преку усвојување на зелената агенда како општество и како влада“ кажа министерот Бектеши.

Документација потребна за пријавување на Јавниот повик во Архивата на Министерството за економија:

-Пополнето Барање и изјава од подносителот на барањето;
-Фискална сметка со сметкопотврда, или фактура;
-Копија од сообраќајната дозвола за возилото, заверена на нотар, во која е евидентирана промената;
-Фотокопија од лична карта;
-Број на трансакциска сметка.

За оваа мерка од Буџетот на Министерството за економија предвидени се 11 милиони денари.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Бектешигассубвенции
Претходен напис Цените на горивата од полноќ се зголемуваат за половина денар
Следен напис Бабовски: Македонските граѓани консумираат безбедна храна
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?