Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Акција за чисто Маврово и Мавровско Езеро
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Акција за чисто Маврово и Мавровско Езеро
Агровести

Акција за чисто Маврово и Мавровско Езеро

Објавено 07/06/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По повод Светскиот ден на животната средина – 5 јуни, и во рамките на проектот „За чиста и здрава вода, стоп за загадувањето на водата“ Македонско – хрватското друштво и еколошко – нуркачкиот клуб „Пена“ спроведоа еколошка акција и нуркачки активности во Маврово и го чистеа Мавровското Езеро.

Членовите на МХД и ЕД „Пена“ во акцијата што се одржа на 5 јуни, во и околу езерото извршија еколошко чистење, при што беа собрани големи количини на различен вид на отпад и отпадни материјали, како најлонски кеси, пластика, лименки и друго, што директно влијаат кон уништување на животната средина и на рибниот фонд. Од езерото и околу него беа собрани најразлични отпад – пластика, хартија, најлонски кеси, отпадоци, стакло…, кои за водата причинуваат сериозни проблеми и последици по рибниот фонд и биодиверзитетот.

Основна цел на проектот, како што соопшти Македонско-хрватското друштво, е Подигање на свеста за екологијата и чување на природните богатства во Македонија како извор на здрава животна средина, додека специфични цели на проектот е подводно чистење на природните и вештачките езера од пластични предмети гуми, делови од моторни возила, разни метални предмети, а особено чистење од заостанати рибарски мрежи во кои се фаќаат рибите и угинуваат.

Проектот почна да се спроведува на 21 март годинава со активност во Тетово каде се реализираше еколошката акцијата за чистење на реката Пена и месноста Бањиче, а продолжи со чистење на езерото Матка. Во рамките на проектот предвидени се уште две еколошки акции со чистење на езерата Младост во Велес и Мавровското езеро. Подигање на свеста на зачувување на природата посебно на водата ќе има зголемено влијание во иднина бидејќи ќе допринесе да се намалување на загадувањето на природата и езерата и здрава животна средина.

Ова е завршен настан во склоп на проектот „За чиста и здрава вода, стоп за загадувањето на водата” поддржан од Цивика Мобилитас, а чија цел е подигнување на свеста за екологијата и чувањето на природните богатства во државата. Проектот „За чиста и здрава вода, стоп за загадувањето на водата “ е финансиски поддржан од програмата на Цивика мобилитас е програма за поддршка на граѓанското општество, а го имплементира Здружението на граѓани Македонско Хрватско Друштво (МХД).

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Мавровомавровско езерочистење
Претходен напис (Видео) Со Стојан Рајчевиќ од Кучевиште за соработката со „Хемометал“
Следен напис Цените на горивата од полноќ се зголемуваат за половина денар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?