Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Одгледување на тиквички е високо профитабилно во земјоделскиот бизнис
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Одгледување на тиквички е високо профитабилно во земјоделскиот бизнис
Растително производство

Одгледување на тиквички е високо профитабилно во земјоделскиот бизнис

Објавено 09/06/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Тиквичката е едногодишно растение од фамилијата Cucurbitaceae (Cucurbita pepo). Во врска со нејзиното потекло, некои тврдат дека потекнува од Азија, односно од Индија, додека пак други тврдат дека потекнува од  Америка, поточно од Мексико.

Морфолошки карактеристики

Ова растение има прилично добро развиени корени на длабочина до 40 см. Формираат листови со поголеми димензии па така целото растение личи на голема грмушка на која има големи цветови со жолта боја. Растението дава високи приноси, со плод во речиси секоја нијанса на зелено, со издолжена или заоблена  форма.

Третман на семенскиот материјал

Точното време за садници зависи од климатските услови во регионот. Може да биде во април или мај. Семињата се сеат еден месец пред да бидат засадени на отворено. Ако се планира одгледување во стакленик,  тогаш садниците треба да бидат засадени 15 дена порано. Прво семето мора внимателно да се прегледа и да се отстрани несоодветниот семенски материјал. За да се спречат габични заболувања, семето се чува во топла вода неколку часа, а потоа треба веднаш да се натопи во ладна вода неколку минути, или потребен е 20-минутен третман во раствор од калиум перманганат и миење со ладна вода.

Почвата на која се планира да се одгледува тиквичката треба да е растресита, длабока и по можност песоклива со неутрална или малку алкална реакција. Многу е важно да не се повредува кореновиот систем и затоа најдобро е да се сее семето во чаши или во садови за тресет. Температурата за садниците во опсег треба да е  од 17 до 22 степени во текот на денот, и  од 13 до 17 степени во тек на ноќта.  За да се развиват нормално им е потребна и светлина. За одгледување на отворено се препорачува да се избере сончево место заштитено од ветар и плодна почва богата со хумус. Се препорачува да не се засадуваат на место каде што претходната година се одгледувале краставици или тикви, приносот ќе биде мала и постои ризик од разни болести. Добри претходни култури за тиквичката се карфиол, компир, домат, магданос, лук и др.

На отворено наводнувањето се врши во вечерните часови, а кога растението се развива нормално, тогаш се врши наводнување на неколку дена. При вишок на влага доаѓа до гниење на плодот. Во суша почвата станува цврста формирајќи кора, а се препорачува плевење. За прехрана се користат минералните ѓубрива суперфосфати, па така првото додавање на азот  со суперфосфат се врши една недела по садењето на семето. Потоа пред цветањето се додава калиум и фосфор и истата комбинација кога се формира плодот.

За  заштита на растението од штетници и  болести, односно з азаштита од габични заболувања, една недела по  садењето се  препорачува користење на 1 % раствор од  борбо или бакар оксихлорид и против штетници  karbofos. Доколку методите против штетниците не помагаат се препорачува користење инсектицидни препарати. Многу често има појава на прашкаста мувла, црна мувла или бело гниење или коренов гнилеж.

Бербата на тиквиците почнува во првата половина на мај, но некогаш зависно од климата може да биде и порано. Бербата трае до средината на јули и се врши секој ден или преку еден ден. При добри услови едно растение може да даде од 15  до 20 плодови. Оптималните плодови од тиквичката за храна се со дебелина од 5 до 7 см и должина до 20 см. Зрелите тиквички можат да се чуваат во ладни простории со добра вентилација и до 5 месеци. 

Оваа култура е високо профитабилна во земјоделскиот бизнис.

АПРЗ РЕ Скопје 

Дипл. инг. агр. Владимир Пинзовски

Може да ви се допадне

Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Таг:одгледувањетиквички
Претходен напис Светскиот саем Fruit Logistica ги отвора вратите во 2022 – почнаа пријавите за изложувачи
Следен напис Влијанието на климатските промени кај виновата лоза
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?