Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЈАВЕН ПОВИК бр.04/2021 доделување на финансиска поддршка за набавка на добиток од увоз или од признати организации на одгледувачи – Услови и потребна документација
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЈАВЕН ПОВИК бр.04/2021 доделување на финансиска поддршка за набавка на добиток од увоз или од признати организации на одгледувачи – Услови и потребна документација
АгровестиЈавни огласи и повици

ЈАВЕН ПОВИК бр.04/2021 доделување на финансиска поддршка за набавка на добиток од увоз или од признати организации на одгледувачи – Услови и потребна документација

Објавено 04/06/2021
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник“ на Република Македонија број 72/07, 5/09, 43/14, 193/15, 39/16, 164/18 и 190/19), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руалниот развој го објавува следниот
Ј А В Е Н П О В И К б р . 0 4 / 2 0 2 1 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година.

Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за Мерка 121.1 Инвестиции за модернизација на земјоделски
стопанства
– Набавка на добиток од увоз или од признати
организации на одгледувачи согласно Законот за сточарство (регистрирани во Регистарот на признати организации на одгледувачи на добиток, најдоцна до датумот на завршување на
јавниот повик
).

Надоместокот е наменет за набавка на:

  • високостелни педигрирани јуници за млеко, месо и комбинирани млеко-месо и месо-млеко (со исклучок ан расата Буша),
  • педигрирани машки и женски приплодни грла овци и
  • педигрирани машки и женски приплодни грла кози

Право на користење на средства имаат Земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој.

Средствата се наменети за инвестиции за набавка на добиток, предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година.

Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник за Мерка 121.1 изнесува 6.500.000,00 денари.

Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.
Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk. Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу 2 барања по различни мерки земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година.


Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средства се утврдени со:

  • Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година („Службен
    весник на Р.С.Македонија“ бр. 12/21, 31/21, 53/21, 79/21 и 92/21)
  • Закон за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Р.Македонија“ бр.49/10,
    53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 88/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16,
    163/16, 74/17 и 83/18)
  • Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален
    развој („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 124/11, 80/13, 35/16, 101/17, 162/18, 100/19,
    215/19, 24/20 и 96/21) и
  • Правилникот за поблиските дополнителни услови за поддршката од мерките за
    рурален развој, прифатливите трошоци и висината на поддршката за прифатливите
    трошоци по корисник за поединечна мерка. („Службен весник на Р.Македонија“ бр.
    124/11, 80/13, 72/14, 35/16, 59/16, 178/18, 77/19 и 214/19)

Барателите на финансиска поддршка потребно е да креираат електронско барање за финансиска поддршка со податоци за локација на инвестицијата, податоци за инвестицијата и електронски да ги прикачат потребните документите предвидени за мерка 121, подмерка 121.1.
Барателите кои ги исполниле условите за користење на средства за мерките 121 се рангираат со бодување утврдено во Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 124/11, 80/13, 35/16, 101/17, 162/18, 100/19, 215/19, 24/20 и 96/21).

Барањата со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барањето на e baranje.ipardpa.gov.mk

  • Барателите не смеат да започнат со реализација на инвестицијата пред потпишување на Договор за ко-финансирање со Агенцијата
  • Барањата кои не се поднесени електронски на e baranje.ipardpa.gov.mk нема да се разгледуваат.

Упатството за регистрација на барателите во системот за електронско поднесување на барање може да се превземе на почетната страна e-baranje.ipardpa.gov.mk. Упатството за корисници за поединечна мерка може да се превземе по започнување на креирање на барање за мерката.
Упатството за корисниците може да се подигне на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk, или може да се подигнат и директно во Агенцијата секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот на адреса:


Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
бул. „ 3-та Македонска бригада“ бр.20
(зграда на Македонија Табак блок Ц ) 1000 Скопје

Електронски пополнетите барања за финансиска поддршка потребно е да се превземе, испринта и потпише и заедно со целокупната пропратна документација да се достави до Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во затворен коверт на кој на предната страна во горниот лев агол стои Барање за финансиска поддршка и Архивски број на Барањето (0421-12116-ХХХХ/1). Барањето може да се достави по препорачана пошта или лично во писарницата на Агенцијата, во спротивно Агенцијата не превзема одговорност за ненавремено и некомплетно пристигнување во писарницата или предвремено отворање на барањето.


Крајниот рок за доставување на барањата е 04.07.2021 година.

Може да ви се допадне

Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
Таг:АФПЗРРдобитокјавен повикфинансиска поддршка
Претходен напис Заев за ребалансот на Буџетот: Ќе се крати од таму каде што се троши најнепродуктивно
Следен напис СН Осигурителен Брокер А.Д Битола свечено ги додели наградите за најдобар истражувачки труд и есеј од областа на осигурувањето
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?