Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бачовски: Сточарите да аплицираат за набавка на педигриран добиток и субвенционирана плата за овчарите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Бачовски: Сточарите да аплицираат за набавка на педигриран добиток и субвенционирана плата за овчарите
Субвенции

Бачовски: Сточарите да аплицираат за набавка на педигриран добиток и субвенционирана плата за овчарите

Објавено 04/06/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, денеска ја посетија фармата „Агро Емини ДООЕЛ“ во селото Доленци, Битолско, која има успешно реализиран проект преку програмата за рурален развој. Станува забор за набавка на 275 педигрирани овци од расата асаф. Вкупната инвестија е 5,5 милиони денари од кои 4,1 милион денари се грант од Мерката 121,1 од Програмата за рурален развој.

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски истакна дека овој проект е заеднички успех на Владата и сточарскиот сектор и е доказ за цврстата определба на институциите да бидат партнери во зголемувањето на сточниот фонд, подобрување на генетскиот потенцијал и зголемување на продуктивноста и конкурентноста на домашните фарми. Бачовски посочи дека од денеска е објавен нов повик за набавка на педигриран добиток од регистрирани одгледувачници.

„Сите заинтересирани, преку оваа мерка ќе можат да аплицираат за  набавка на високостелни педигрирани јуници за млеко, месо, со исклучок на расата Буша, како и педигрирани приплодни грла на овци и кози од признаени организации на одгледувачи. Право на користење на средства имаат сите земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар за земјоделски стопанства во МЗШВ, согласно законот за земјоделство и рурален развој. Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник  е 6.5 милиони  денари, a повратот на средства се врши по претходно потпишан и реализиран проект, односно по потпишан договор и набавен добиток. Паралелно, од денес тече и повикот за субвенционирана плата за овчарите. Максималната финансиска поддршка е до 360.000 денари по лице, за не повеќе од 20 вработени“ – истакна Бачовски.

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, истакна дека ваквите проекти се доказ дека политиките  кои се спроведуваат даваат резултати. Двата повици кои се објавени денеска, како што истакна Димковски, се дел од стратешкиот план за развој и подобрување на сточарството.

„Се надевам дека средствата наменети за сточарското производство, ќе бидат дополнителна мотивација кај сточарите, да ги обновуваат своите стада со набавка на говеда, овци и кози со висок генетски потенцијал како и да се поддржат овчарите преку субвенционирана плата, но и да се подобрат условите на пасиштата. Вложуваме не само во обновување на стадата туку и во развој и обновување на пасиштата. За таа цел, минатата година нашите пасишта за прв пат добија струја. Беа распределени 50 фотоволтаични панели низ целата држава, како и 150 метални водопоила“ – истакна заменик-министерот Димковски.

Димковски појасни дека новите повици се нова шанса за модернизирање на домашните бачила, а сите заинтересирани можат да доставуваат документи до 4 јули. Апликациите за набавка на педигриран добиток се поднесуваат електронски на www.ipardpa.gov.mk. А на веб-страницата на АФПЗРР, може да се симне и целата потребна документација како и Упатството за корисници.

Преку ваквите мерки и политики се јакнат  домашните фармери и домашните преработувачки капацитети за месни и млечни продукти што позитивно се одразува на генетскиот потенцијал, производството на домашно високо квалитетно млеко и месо, со што директно ги намалуваме увозните параметри и ја зголемуваме продуктивноста во домашната економија.

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Исплата на субвенциите за тутун – првата недела во јуни, најави директорката Иротова
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Таг:Бачовскигрло добитоковчарисубвенции
Претходен напис Наглите временски промени негативно се одразија врз пчеларството
Следен напис „Рурални жени од Преспа“ – плантажирани дополнителни 2000 садници планински чај
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?