Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нѐ очекува лето со натпросечни температури
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Нѐ очекува лето со натпросечни температури
Агропрогноза

Нѐ очекува лето со натпросечни температури

Објавено 04/06/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Летото 2021 се очекува дека ќе биде потопло, со поголема веројатност за позитивни отстапувања на температурата на воздухот од многугодишните просеци и врнежи во рамките на просекот.

За територијата на Македонија постои голема веројатност за надминување на температурите од многугодишните просечни вредности. Надминувањето на температурите е предвидено дека може да достигне и до 3°C во североисточниот регион. Најголемото позитивно отстапување на температурата на воздухот за оваа сезона се очекува да биде во јули.

Ова денеска го соопшти Управата за хидрометеоролошки работи повикувајќи се на прогностичките материјали што ги превзема од Европскиот Центар за Среднорочна Прогноза на Времето (ECMWF) во Рединг, Виртуелниот Центар за Климатски промени за Југоисточна Европа (SEEVCCC), како и останатите светски прогностички центри.

Предвидувањата за климатските изгледи за лето 2021 се базираат на динамички модели, статистички модели и телеконекции на климатски карактеристики од поголеми размери. Моменталните анализи на движечките фактори (NAO, ENSO…) преточени преку голем број на глобални компјутерски модели за предвидувањa го покажуваат најверојатното климатско сценарио за ова лето, посочуваат од УХМР.

-Условите на Ла Ниња кои се повеќе слабеат последниве месеци, се очекува да преминат во неутрални за време на летната сезона. Температурите на површината на морето имаат позитивни отстапувања над Атлантскиот Океан и јужно од Гренланд и негативни отстапувања над Северното море. Ова ќе придонесе до зголемување на притисокот на воздухот над поголем дел од централна Европа – се наведува во прогнозата.

Според анализите за целиот југоисточен регион на Европа, се предвидува летните температури да достигнат натпросечни вредности. За територијата на Македонија постои голема веројатност за надминување на температурите од многугодишните просечни вредности. Надминувањето на температурите е предвидено дека може да достигне и до 3°C во североисточниот регион. Најголемото позитивно отстапување на температурата на воздухот за оваа сезона се очекува да биде во јули.

Несигурноста кај регионалните предвидувања за врнежите е секогаш поголема во однос на температурата, посочуваат од УХМР и наведуваат дека исто така јасен сигнал нема ни за територијата на целиот југоисточен регион на Европа, а ни за Македонија, каде моделите предвидуваат дека не се очекуваат големи отстапки од досегашните просечни вредности. Во планинските делови постои голема веројатност дека просечните врнежи ќе бидат надминати поради епизоди на засилена конвекција и појава на обилни врнежи.

Температурниот опсег на многугодишниот просек 1981-2010 за летната сезона во Македонија е од 16.0°C во планинските предели до 25.3°C измерени во Гевгелија. Врнежите во овој период се во границите од 23.9mm измерени на метеоролошката станица во Штип до 96,7mm во Маврово.

Многугодишниот просек (1981-2010) на температурата на воздухот во Скопје за јуни, јули и август изнесува 21.9°C, 24.2° и 23.9° C, соодветно.

Многугодишната (1981-2010) просечна количина на врнежи во Скопје за јуни, јули и август изнесува 44.0mm, 37.6 mm и 34.4mm, соодветно, посочуваат од УХМР.

Сезонскиот изглед на времето е научен пристап кој овозможува информации за климатските карактеристики за неколку месеци или сезони однапред. Во престојната летна сезона секако постои веројатност да се јават периоди со исклучително топло и сушно време, како и веројатност за изразени негативни отстапувања од вообичаените средни вредности на температурата, но и влажни продори. За дополнителни и навремени информации потребно е редовно следење на подеталните краткорочни прогнози, кои редовно и вонредно ги издава Управата за хидрометеоролошки работи.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

За викендот сончево и многу топло до 40 степени
Сончево и многу топло, попладне можен локален дожд
За викендот сончево и многу топло, од вторник грмежи и засилен ветер
Сончево и топло до 38 степени
АЕТМ: Е-трговијата во Македонија со двоцифрен раст – онлајн трансакциите достигнаа речиси 266 милиони евра во првиот квартал од 2026 година
Таг:летомакедонија
Претходен напис Изградена пречистителната станица во Кадино
Следен напис Министерот Хоџа: Ги повикувам сточарите да аплицираат на повикот на Платежната агенција за набавка на педигриран добиток
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?