Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Источниот плански регион ќе помага во реализацијата на проектот за ски-центар на Царев Врв
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Источниот плански регион ќе помага во реализацијата на проектот за ски-центар на Царев Врв
Агровести

Источниот плански регион ќе помага во реализацијата на проектот за ски-центар на Царев Врв

Објавено 04/06/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Советот на градоначалници и Центарот за развој на Источниот плански регион ќе помагаат во подготвителните активности за реализација на најавениот владин проект за изградба на скијачки центар на Царев Врв на Осоговските Планини.

На работен состанок на Советот, избран е координатор на активностите и доставено е писмено известување до Владата за преземање на дел од обврските за иницијативата.

-Се работи за многу важен развоен проект, што не е само регионален, туку има меѓурегионално, државно, па и пошироко значење, со оглед што туризмот е една од најбрзо растечките гранки. Свесни сме дека неговата реализација ќе трае повеќе години, најмалку една деценија, но ние сме сериозни во нашата намера и сакаме да излеземе од затвореноста во локални рамки и да помогнеме во развојот на целиот поширок регион. Ќе им дадеме поддршка на експертите од оваа област да изработат технички проекти, со што навистина ќе добиеме еден од петте најдобри планински центри на Балканот – истакна градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Според претходно изработената физибилити студија за Царев Врв, на површина од 316 хектари се нудат можности за изградба на поголем број сместувачки капацитети од типот на хотели и хостели со околу девет илјади легла. Исто така, има природни услови да се изградат над триесет скијачки и патеки за бординг со вкупна должина од над 60 километри и со соодветни ски-лифтови и жичници.

Изградбата на ски центарот на Царев Врв е дел од владиниот Интервентен план за инвестиции за периодот до 2027 година, а вредноста на целата инвестицијата се проценува на околу 100 милиони евра.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Делови од општините Гази Баба и Илинден без струја
Европска математика за македонскиот аграр: Колку субвенции би имале земјоделците да сме денес членка на ЕУ
Се крои буџетот за субвенции во ЕУ: Европскиот аграр пред историска реформа
Од Будинарци до Рим: Вангелина Пармачка меѓу 100-те жени херои на ФАО
Оризопроизводителите ќе добијат по осум денари за килограм арпа, најави Мицкоски
Претходен напис Листи за полагање на ловечки испит
Следен напис Економските советници се запознаа со туристичките потенцијали на Берово
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?