Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заев и Хоџа на средба со Бизнис клубот на Евро-атлантскиот совет: Заедничка цел е што повеќе домашни компании да учествуваат во тендерски постапки на НАТО
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Заев и Хоџа на средба со Бизнис клубот на Евро-атлантскиот совет: Заедничка цел е што повеќе домашни компании да учествуваат во тендерски постапки на НАТО
Агровести

Заев и Хоџа на средба со Бизнис клубот на Евро-атлантскиот совет: Заедничка цел е што повеќе домашни компании да учествуваат во тендерски постапки на НАТО

Објавено 03/06/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Премиерот Зоран Заев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа одржаа работна средба со извршниот директор на Бизнис клубот на Евро-атлантскиот совет, Светозар Јаневски, претседателот Исмет Рамадани, како и со стопанственици членови на раководството на Бизнис клубот.
На состанокот се дискутираше за подобрување на деловниот амбиент и економската активност на компаниите, како и за проекти кои се очекува да ги зголемат вработувањата во земјава и да се активираат селата и руралните средини. Дополнително особен фокус беше ставен на ИТ секторот и креирање на додадена вредност, а од страна на стопанството беше нагласено дека согласно истражувањата Северна Македонија е лидер на Балканот во Е-Влада, соопшти владината прес-служба.

Премиерот Заев искажа поддршка за идеите кои доаѓаат од деловната заедница, која треба да го придвижи економскиот раст во земјата и ги охрабри стопанствениците да продолжат со плановите за инвестициски циклуси и вложување во човечкиот капитал со цел заеднички да се прилагодуваме на новите и современи економски текови за успешно надминување на предизвиците од глобалната пандемија.

Дополнително се разговараше и за „NATO procurement process” и можностите македонските компании да пристапат на овој процес и да бидат дел од овој голем комплекс на набавки. Премиерот Заев и министерот Хоџа истакнаа дека приватниот сектор има важна улога во создавањето работни места и приходи за граѓаните, дополнително и преку постојаните иновации што носат нови производи и услуги на пазарот, а со тоа и додадена вредност.

На состанокот беше заклучено дека секој инвеститор сака стабилно деловно опкружување и предвидлив деловен амбиент за што Владата се стреми тоа и да го овозможи. Дополнително беше подвлечено дека со влезот во НАТО и со примената на стандардите на ЕУ, кои треба да станат домашни стандарди се обезбедува сигурност на инвестициите преку механизми за владеење на правото, за намалување на сивата економија, на парафискалните давачки и со борбата против корупцијата.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:Арјанитзаевсредба
Претходен напис ЗПВ Николовски на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, Русија: Ја прошируваме билатералната и трговската соработка со Руската Федерација
Следен напис Времето денеска сончево, топло и ветровито
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Агенција за храна и ветеринарство

Регистри на државно земјиште

Електронско наддавање

ИПАРД

Државен инспекторат за земјоделство

Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството

Консолидација на земјоделско земјиште

Македонски почвен информативен систем (МАСИС)

Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“

МЗШВ закони

/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?