Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Притоките на Треска претворени во диви депонии
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Притоките на Треска претворени во диви депонии
Агровести

Притоките на Треска претворени во диви депонии

Објавено 03/06/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од година во година хигиената на речните корита во Кичевијата забрзано се влошува. Екологистот Миле Алексоски истакнува дека нема дел од некое речно корито каде барем на неколку места нема диви депонии создадени како од локалните жители, така и од граѓаните на Кичево.

– Немам зборови со кои можам да го изразам своето разочарување од неодговорноста на жителите на Кичево и селата. Крај речните корита на сите притоки на Треска создадени се безброј диви депонии. Секој што сметал дека одредени предмети не му се потребни во домот, ги одложил крај речното корито на некоја од притоките на Велика Река. Има сè и сешто, од бела техника, мебел, до комунален отпад и пластика. Сите патчиња до кои може да се стаса со возило се преполнети со ѓубре – вели Алексоски.

Тој прашува дали некогаш ќе проработи свеста кај граѓаните за зачувување и чистота на животната средина.

– Кога ќе прошетам крај речните корита првото прашање што ми се наметнува е каде е свеста на граѓаните и дали еден ден ќе станат поодговорни кон околината или не. Одговорот го дава самата слика од терен. Секој како да гледа ѓубрето да е подалеку од неговиот дом а за останатото други нека му мислат – додава Алексоски.

Тој препорачува за барем малку да се подобри сликата кај реките во овој регион, треба да следи организирана акција на екологистите и инспекциските служби.

– Само така сплотени и на долг рок ќе придонесат да се промени состојбата, во спротивно ќе бидеме сведоци на нови и нови диви депонии – рече тој.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:депониитреска
Претходен напис За февруари и март вкупно 181 работодавачи кои земале државна помош не дале плати на 753 вработени
Следен напис (Видео) Владини економски советници во работна посета на Кавадарци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?