Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Македонија домаќин на десеттото јубилејно издание на Балканскиот интернационален вински натпревар
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Македонија домаќин на десеттото јубилејно издание на Балканскиот интернационален вински натпревар
Агровести

Македонија домаќин на десеттото јубилејно издание на Балканскиот интернационален вински натпревар

Објавено 29/05/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од 2 до 4 јуни оваа година, во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, во ко-организација на здружението „Вина од Македонија”, се одржува десеттото јубилејно издание на Балканскиот интернационален вински натпревар (BIWC). На натпреварот ќе биде избрано најдоброто вино на Балканот од престижно жири, чии членови ќе дојдат во нашата држава. Оваа година жирито вклучува 18 вински судии од 10 земји, од кои најмалку тројца се носители на титулата Master of Wine.   „Ни претставува големо задоволство што 10-годишнината на овој светски познат натпревар се организира токму во нашата земја. Покрај улогата што ја имаат на натпреварот, членовите на жирито ќе посетат и неколку домашни винарници, со што дополнително ќе го промовираме македонското вино пред оваа значајна експертска јавност. На 4.јуни 2021 ќе се одржат и два мастеркласа и изложба на вина за дегустација, на која посетителите ќе имаат можност да ги пробаат вината од регионот кои учествувале на натпреварот. Притоа, особено ни е драго што годинава има рекорден број на пријавени вина од сите балкански земји. Резултатите од натпреварот ќе бидат објавени на посебна гала вечера што ќе се одржи истиот ден, кога ќе бидат доделени наградите и специјалните признанија за најдобра винарница на Балканот. Оваа година прв пат ќе се додели и наградата „Винска личност на Балканот“ за заслуги во промоцијата на балканските вина“, изјави Елена Младеновска – Јеленковиќ, извршен директор на здружението „Вина од Македонија“.

Организаторите на Балканскиот меѓународен вински натпревар и фестивал (The Balkans International Wine Competition and Festival – BIWCF) веќе 10 години го промовираат виното од балканските земји.  Јубилејот на овој настан оваа година се одржува во две земји – од 2 до 4 јуни во Скопје и од 17 до 19 јуни во Софија, под отворено небо, под наслов „Вински град”.

„Неверојатно е дека Балканскиот меѓународен вински натпревар се одржува веќе 10 години и во текот на оваа декада натпреварот достигна извонредни успеси. Почна како мал проект што континуирано растеше. Но, растот не беше толку значаен колку што ни беше важно да се гради реномето. За среќа, Балканскиот меѓународен вински натпревар успеа да ги постигне двете цели. Стана и поголем и почитуван. Дури почна да се одржува и во различни земји. Веруваме дека годинава ќе го имаме најдобриот натпревар досега“, истакна Константинос Лазаракис, претседател на Балканскиот меѓународен вински натпревар и прв вински мајстор (Master of Wine) на Балканот.

Од неговиот почеток во 2011 година, Балканскиот меѓународен вински натпревар е еден од малкуте во Европа, кои го следат австралискиот модел на организација на вински натпревари, овозможувајќи подобра проценка на вината што се натпреваруваат. „Голем е интересот за учество на производителите на вино на годинешниот јубилеен натпревар. 2020 беше полна со предизвици и промени, но и покрај тоа успеавме да одржиме успешен натпревар и фестивал. Балканскиот меѓународен вински натпревар и фестивал беше еден од ретките во Европа што не беше откажан“, изјави Галина Нифору, директор и основач на Балканскиот вински натпревар и фестивал, додавајќи: „Производителите на вино во Бугарија и на Балканот се исклучително талентирани и посветени професионалци кои успеаја со достоинство и уште поголеми амбиции да ги надминат неочекуваните предизвици што ги донесе корона-кризата. Ние од Балканскиот меѓународен вински натпревар и фестивал сме среќни и горди што им овозможуваме да го покажат нивниот успех и постигнувања“.

Здружението “Вина од Македонија” кое постои веќе 11 години, континуирано вложува напори за промоција на македонското вино во светот, преку присуство на различни манифестации, саеми и создавање партнерства со вински организации. Организацијата на овој настан е поддржана од Програмата за рурален развој на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со цел да се постигне соодветно позиционирање на македонското вино во светот.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:балканвина на мкСкопје
Претходен напис Матурантот Бесар Исмаили, пример за млад земјоделец: Првокласни јагоди во насадот, а на училиште сите петки
Следен напис Veritas и Vranec Classic на Стоби со високи оценки од Wines & Spirits
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?