Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Интерпол отвори истрага за фалсификуваниот мед на пазарот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Интерпол отвори истрага за фалсификуваниот мед на пазарот
Агровести

Интерпол отвори истрага за фалсификуваниот мед на пазарот

Објавено 28/05/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во голема меѓународна истрага на фалсификуван мед, која веќе некое време ја води Интерпол, се вклучи и Србија, а во прибирање на податоци учествуваат ветеринарната инспекција, санитарната, Управата за криманлистичка полиција и Даночната управа.

Станува збор за „мафија која е формирана на светско ниво“, вели Родољуб Живадиновиќ, претседател на Сојузот на пчеларски организации на Србија и нагласува дека предмет на истрага се и големите производители и малите пчелари.

„Досега се земени околу 200 примероци, голем дел од потребните анализи веќе се извршени, но има и некои планирани производители од кои сѐ уште не е земен материјал за испитување. На резултатите уште ќе чекаме, тоа сега зависи од Интерпол, кога тие ќе ги комплетираат своите податоци. Но ние, веќе ги објавивме имињата на некои поголеми производители кај кои, по наши пријави, е правена анализа и е утврден фалсификат. Една од фабриките веќе е затвроена, „Хани мед“, иако нивните пакувања сѐ уште можат да се најдат во продавницата и тука е интересно што тие ги минуваа основните анализи, кои се прават кај нас и во Европа, но кога прв пат е применета софистицирана методологија, се покажа дека во нивниот мед има околу 30 отсто шеќер“, вели Живадиновиќ.

Тој обајснува дека медот може да се фалсификува на повеќе начини и дека наједноставна метода е да се зоврие шеќерот со некоја од киселините до посакуваната густина и се става во теглите како мед.

Друг начин е од гликозно-фруктозен шеќер, пченкарен сируп кој веќе има густина на мед и без никаква интервенција само се пакува. Некои од „производителите“ му додаваат вештачки бои и ароми, додека други само во продажба пуштаат сируп со етикета на мед.

Еден од начините скоро и да беше заборавен, но неодамна е пронајден во една градинка каде наместо пчелен производ во амбалажата бил сируп кој некогаш се користел за правење на бонбони. Фирмата која го палсирала тоа е целосно лажна, непостоечки производител со измислен регистрациски број која преку некое друго претпријатие учествувала на тендери.

Четврт модел е она што го правел „Хани мед“, продавал мешавина на мед и шеќер.

„Таа појава не е присутна само кај нас. Според минатогодишното истражување во Америка дури 76 отсто од медот бил фалсификат, во Европската Унија, која е најуредена, одат околу десет отсто, а кај нас тоа според некои неофицијални податоци се движи околу 40 отсто. Истрагата на Интерпол, кога резултатите ќе бидат обајвени, би требало да ни ги даде точните податоци, но некои насоки и сега се видливи“, објаснува Живадиновиќ.

Извор: agronews.rs

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Интерполмедфалсификат
Претходен напис ЕУ: Системска злоупотреба на земјоделските субвенции
Следен напис Известување за најновите измени на прекршочните одредби на царинскиот Закон – Значително намалени казните за царинските прекршоци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?