Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Вебинар во организација на ФАО и СЗО на тема Безбедност на храна во контекст на одржливи системи за храна: „Moving Forward for a Healthy Tomorrow in Europe and Central Asia“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Вебинар во организација на ФАО и СЗО на тема Безбедност на храна во контекст на одржливи системи за храна: „Moving Forward for a Healthy Tomorrow in Europe and Central Asia“
Агровести

Вебинар во организација на ФАО и СЗО на тема Безбедност на храна во контекст на одржливи системи за храна: „Moving Forward for a Healthy Tomorrow in Europe and Central Asia“

Објавено 26/05/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Еволуцијата во контекст на производството, трговијата и консумацијата на храна го предизвикуваат начинот на управување со ризиците по однос на безбедноста на храната и достапноста на безбедна храна за сите. Неопходно е дејствување во сите фази на синџирот на исхрана со системски пристап заради заштита на здравјето на луѓето, животната средина, економиите и културите. Безбедноста на храната е испреплетена во сите компоненти на одржливите системи за безбедност на храна и тоа е прашање што бара акција и соработка помеѓу различни сектори, групи на засегнати страни и земји.

Различните фактори, вклучително и неправилната употреба на технологиите во производството на храна од животинско и растително потекло, комплексноста на меѓународната трговија со храна, како и промената на климата, претставуваат нови ризици од појава на болести. Со цел разбирање и намалување на ризиците по однос на безбедност на храната, потребно е да се воспостават превентивни мерки и соодветни механизми за одговор. Ова бара темелно испитување на врските помеѓу здравјето на луѓето, животните и растенијата. Примери за системска перспектива во однос на безбедноста на храната се и пристапот „Едно здравје“ насочен кон минимизирање на антимикробната резистентност и решавање на зоонозите, или пристапот од Фарма до вилушка за подобрување на одржливото производство и дистрибуција на безбедна и нутритивна храна и минимизирање на загубите на храна и отпадот.

Справување со ризиците по однос на безбедност на храната е континуиран процес на прилагодување и подобрување дури и за време на кризни ситуации, како што е забележано за време на пандемијата КОВИД-19. Во таа насока, во пресрет на Светскиот ден за безбедност на храната 2021 година, Регионалната канцеларија на ФАО за Европа и Централна Азија во соработка со Регионалната канцеларија на СЗО за Европа, организираат заеднички настан (вебинар) на тема:

Безбедност на храна во контекст на одржливи системи за храна: Moving Forward for a Healthy Tomorrow in Europe and Central Asia

Настанот ќе се одржи на виртуелно, преку zoom, на 7 јуни 2021 година, од 11.00 до 12.30 ч.

Состанокот ќе биде насочен кон сите учесници во синџирот на исхрана, особено креаторите на политики за безбедност на храна во земјите членки во регионот, како и производители на храна, невладини организации, технички агенции и групи потрошувачи.

Дел од настанот ќе биде и Панел дискусија на која учество ќе земат 5 експерти од областа на безбедност на храната кои ќе ги дадат своите согледувања во однос на перспективата на националните органи за контрола на безбедноста на храната и конкретно ќе дадат примери за соработка со други органи или институции за спречување и минимизирање на ризиците по однос на безбедност на храната со системски пристап.

Повеќе информации за настанот може да се најдат на следниот линк: http://newsletters.fao.org/c/1192G5CswXp3QAiTjeupDKSCz.

За сите дополнители информации, како и регистрација на вебинарот обратете се на следната e-mail адреса: [email protected].

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:Безбедност на хранаодржливо производство
Претходен напис Марко со цуцла храни 8 прасиња кои останале без мајка
Следен напис Израелски бизнисмени ќе произведуваат индустриски и фармацевтски канабис во Солун
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?