Селските ластовици се еден од весниците на пролетта, а домаќинствата во Србија каде што има барем едно гнездо, можат да се надеваат дека ластовичките ќе им донесат вредни награди.
Друштвото за заштита и проучување на птици од Србија веќе петта година по ред го организира натпреварот „Домаќинство кое го избраа ластовиците“.
Домаќинството со најмногу активни гнезда на селски ластовици ќе биде наградено со победничко признание и еден тон пченка, а сите други домаќинства кои учествуваа на натпреварот добиваат шанса да добијат ваучер за купување овошни садници. Апликациите се отворени до 7 јуни 2021 година.
Србија: На домаќинството со најмногу ластовички – еден тон пченка
Остави коментар
Остави коментар
