Понудата и побарувачката на житарки ќе бидат урамнотежени на глобалниот пазар во сезоната 2021-22. Моментално светското производство заостанува со потрошувачка за 27 милиони тони.
Според проценката на Министерството за земјоделство на Соединетите Држави (USDA), рекордни 2.790 милиони тони жито (вклучувајќи и ориз) ќе бидат ожнеани во периодот 2021-22, додека потрошувачката се проценува на 2.791 милиони тони. Тоа е разлика од само еден милион тони. Во моменталната сезона 2020-21, светското производство заостанува со потрошувачка за 27 милиони тони.
USDA извештајот го базирала на основа на најновите прогнози на Wasde со преглед на понудата и побарувачката на земјоделски суровини. USDA сега прв пат ја проценува новата сезона 2021-22, која во Европа ќе почне на 1 јули.
Стабилен глобален пазар на пченица
Во периодот 2021-22, пазарот на пченица ќе биде во рамнотежа со идентичните барања и снабдување од 789 милиони тони. Тоа значи дека понудата на пченица во светот останува стабилна, но повеќе не го достигнува рекордот од пред 2 години.
ЕУ наскоро ќе собере 134 милиони тони пченица, проценува USDA. ЕУ има на располагање 33 милиони тони пченица за извоз (30 милиони тони оваа сезона). USDA проценува дека Русија ќе собере 85 милиони тони пченица и ќе извезе 40 милиони тони. Тоа е исто како и претходната сезона. Пазарните аналитичари ја критикуваа оваа проценка на USDA бидејќи пченицата лошо презимила во Русија и се очекува дека помалку ќе соберат и ќе извезат.
Пченка и соја: Производството незначително поголемо од потрошувачката
USDA очекува дека светското производство на пченка од 1.190 милиони тони следната сезона да биде повеќе од доволна за да ја задоволи потрошувачката (1.181 милиони тони). Високите цени последниве месеци ги поттикнаа одгледувачите, особено во САД, да посеат повеќе пченка отколку што е проценето порано. И за соја, USDA очекува дека производството (386 милиони тони) да биде повеќе од доволно да ја покрие потрошувачката (381 милиони тони) во новата сезона.
