Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заштита на пчелите – Нов чекор во проценката на ризик
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Заштита на пчелите – Нов чекор во проценката на ризик
Агровести

Заштита на пчелите – Нов чекор во проценката на ризик

Објавено 23/05/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На барање на Европскиот парламент, Европската агенција за безбедност на храна иницираше развој на холистичка проценка на ризик за повеќе фактори кај пчелите кои се чуваат за производство на мед. За таа цел, креиран е системски заснован пристап кој е составен од две основни компоненти: систем за следење и систем за моделирање, при кој како пример се земаат пчелите кои се чуваат за производство на мед. Клучниот развој на актуелното научно мислење (вклучително и систематско собирање податоци од пчелни семејства и симулација заснована на агенси) имаат потенцијал значително да придонесат за иден развој на проценките на ризик врз животната средина на повеќе фактори во поголеми просторни и временски размери.

За целите на следењето, кошниците за пчели кои се чуваат за производство на мед ќе бидат поставени низ репрезентативните климатски зони и предели во ЕУ и ќе бидат поврзани со платформа за складирање и анализа на податоци. Податоците за здравствениот статус на пчелите, резидуите од хемиските контаминенти и непосредниот или поширокиот предел околу пчелните семејства ќе се собираат на хармонизиран и стандардизиран начин и ќе се користат за информирање на засегнатите страни и системот за моделирање, ApisRAM, кој симулира колку што е можно попрецизно, колонии на пчели.

ApisRAM ќе се калибрира и континуирано ќе се ажурира со дојдовни податоци за мониторинг и новонастанати научни знаења од истражувањето. Тоа ќе биде алатка за поддршка за пчеларство, земјоделство, истражување, проценка на ризик и управување со ризик и пошироката јавност ќе може да ја користи истата.

Со ова научно мислење, Европската агенција за безбедност на храната направи голем чекор напред во своите напори да помогне во пресвртот на опаѓањето на бројот на инсекти кои се користат за запрашување, предлагајќи нов пристап кон проценката на ризик врз животната средина (ЕРА) со посебен акцент на пчелите кои се чуваат за производство на мед.

Бернард Урл, извршниот директор на ЕФСА изјави: „Ова е многу важен извештај за сите оние кои сакаат да придонесат кон зачувување на богатиот еко систем на Европа, во чиј центар не се наоѓаат само пчелите туку сите инсекти кои запрашуваат. Со овој извештај се поставува јасна визија за трансформација на начинот на кој правиме проценка на ризиците врз животната средина во однос на запрашувањето во Европската Унија“.

Целиот текст на научното мислење на ЕФСА е достапен на следниот линк: https://efsa.onlinelibrary.wiley.com/doi/epdf/10.2903/j.efsa.2021.6607

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:проценка на ризикпчели
Претходен напис Експертизата на ЕФСА како поддршка на политиката „Едно здравје“
Следен напис Биткоин остава зад себе еколошки пустош
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?