Постојат многу начини да ги искористиме лушпите кромид, а не да ги фрламе во ѓубре. Лушпите можат да се употребат за правење одлично течно ѓубриво за растенијата. Следниот пат кога ќе користите кромид за подготовка на храна, задолжително зачувајте ги лушпите за подготовка на ѓубриво.
Подготовка на ѓубрива од лушпи кромид
Ставете една полна рака лушпи во тегла и потоа налејте 1 литар вода. Поклопете ја теглата и оставете ја да отстои 24 часа. Ќе забележите како водата ја сменила бојата, а со тоа и од лушпите ги извлекла корисните состојки за нашите растенија. Потоа процедете и добивте течно ѓубриво за растенијата.
Употреба
Еднаш неделно залејте ги со ова течно ѓубриво вашите растенија (цвеќе, зеленчук), како што ги залевате со вода. Ќе ја збогатите земјата со корисни состојки и растенијата ќе изгледаат поздраво, повеќе ќе цветаат и подобро ќе раѓаат ако се плодоносни. Лушпите кромид содржат калциум, калиум, магнезиум, железо, бакар и уште многу други корисни материи.
