Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Градска жетва на Виена“ – нов локален бренд на земјоделската комора на Виена
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Градска жетва на Виена“ – нов локален бренд на земјоделската комора на Виена
Агровести

„Градска жетва на Виена“ – нов локален бренд на земјоделската комора на Виена

Објавено 18/05/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделската комора на Виена, развила нов локален бренд, „Градска жетва на Виена“ (Stadternte Wien) и неодамна го претставила на јавноста во собранието на градот. Благодарение на новиот бренд, земјоделските производи со висок квалитет и со виенско потекло, сега ќе бидат препознатливи.

„Градската жетва на Виена“ се темели на државно признаени сертификати за контрола на квалитетот и потеклото. Со новиот бренд можат да бидат означени само производите кои се одгледувани на виенска почва.

Виена има 645 земјоделски стопанства. Од 5.700 хектари виенско обработливо земјиште, 4.300 хектари се ораници. Производството на зеленчук се простира на 543 хектари, додека виенско вино се произведува на 637 хектари. Во рамките на 207 главно семејни земјоделски стопанства, се произведуваат 40 различни видови зеленчук. Најзастапени култури се домат, краставица и пиперка. Со 29.270 тони набрани краставици, Виена покрива 65,3 % од производството на краставици во Австрија.

„Новиот регионален бренд ќе го олесни купувањето за сите граѓани на Виена“, изјавил Михаел Лудвиг, градоначалник на Виена. „Благодарение на кратките линии на транспортот, локалните производи даваат значаен придонес за заштита на климата. Разновидните земјоделски производи, од зеленчук до вино, кои се одгледуваат на подрачјето на градот, стигнуваат свежи до потрошувачите“, објаснува Јирген Чернохорски, член на градскиот одбор задолжен за клима.

Од 1978 година, Виена започнала да ги организира сите земјоделски стопанства како еколошки, а денес се располага со 1.700 хектари еколошко обработливо земјиште.

Извор: dunav.at

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:виенаградска жетва
Претходен напис (ВИДЕО) Како козите го спасиле ждребето Арија кое останало без мајка си веднаш откако се родило
Следен напис Георгиески: Уривањето на дивоградбите од плажите на Охридското Езеро продолжува
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?