Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕК без конкретни одговори за злоупотребите на ЕУ фондовите во земјоделството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕК без конкретни одговори за злоупотребите на ЕУ фондовите во земјоделството
Агровести

ЕК без конкретни одговори за злоупотребите на ЕУ фондовите во земјоделството

Објавено 04/11/2019
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Последното истражување на Њујорк Тајмс за злоупотребите со европските земјоделски фондови во земји од источна Европа денеска не предизвика конкретни одговори од Европската комисија.

Њујорк Тајмс во своето викенд издание откри дека милијарди евра од фондовите на Заедничката земјоделска политика (CAP) на ЕУ се злоупотребуваат во партиски и политички цели, меѓу другото во Унгарија, Чешка или Бугарија.

Истражувањето кое новинарите го воделе девет месеци во повеќе земји членки на ЕУ обелодени како унгарскиот премиер, Виктор Орбан, ги користи земјоделските фондови на ЕУ за да ги дистрибуира на членови на неговото семејство, пријатели и партиски лојални членови.

Во Чешка е инволвиран исто така премиерот Андреј Бабиш, кој веќе се наоѓа под истрага за злоупотреба на ЕУ фондови. Минатата година во Словачка е убиен новинарот Јан Куциак кој истражуваше токму за финансиски злоупотреби во земјоделството.

-Европската комисија има нула толерантност за злоупотреби на ЕУ фондовите и поради тоа инсистира земјите членки да се заложат за спречување на злоупотребите. ЕУ има многу јасни правила за тоа како треба да се управува со ЕУ фондовите, меѓу другото кога станува збор за земјоделските фондови, изјави денеска Даниел Росарио, портпарол на Европската комисија за земјоделство на новинарско прашање.

Тој понатаму додаде дека “според принципот на заедничко управување, земјите членки се први одговорни за добро и легално управување со ЕУ фондовите.“

-Европската комисија многу сериозно ги сфаќа сите наводи и сомнежи за злоупотреба или лошо управување со фондовите. Сите поплаки треба да се упатат до ОЛАФ (ЕУ тело за борба против малверзации, нз). Повеќе истраги се моментално во тек. ЕК спроведува и сопствени ревизии, меѓу нив некои се во тек во Чешка и Унгарија. Ако истрагите донесат докази за злоупотреба тие се препраќаат во ОЛАФ за дополнителна истрага, прецизираше Росарио.

Останува дека најгорливото прашање за искористување на фондовите во партиски и политички цели е во рацете на земјите членки, а истражувањето покажува дека токму владите на тие земји членки ги злоупотребуваат фондовите.

-Што се однесува до прашањето за владеење на правото во однос на сопственост на земјиштата, прво одговорноста за дејствување се наоѓа кај земјите членки. Меѓутоа, секогаш кога има наводи за лошо управување во земјите членки, службите на ЕК внимателно ги разгледуваат случаите како што се прави сега по наводите во неколку земји членки како Чешка и Унгарија, вели Росарио.

Европската комисија, исто така, не беше во можност да одговори дали планира да ги измени сегашните правила кои им дозволуваат на политичари, пратеници, министри да имаат пристап до фондовите и да спречи во иднина конфликт на интереси.

Заедничката земјоделска политика претставува околу 40 отсто од вкупниот буџет на ЕУ и е една од најзначајните европски политики. Составот на ЕК во заминување предложи реформа на ЗЗП со која им се дава поголема моќ на земјите членки во искористувањето на фондовите.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бугаријаевропска комисијаеукапсубвенциифондови
Претходен напис За рибарите: Како да извадите државна дозвола за рекреативен риболов?
Следен напис Инфо – денови за ИПАРД 2
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?