Објавена е прогноза на Американското министерство за земјоделство (USDA) за претстојната жетва на пченица, пченка и соја. Светските изгледи за пченицата во претстојниот период 2021/22 покажуваат поголемо производство и потрошувачка, но и повеќе трговија и релативно стабилни залихи. Се очекува дека производството ќе се искачи на 789 милиони тони, стои во извештајот.
Што се однесува до цените на париската берза EuroNext, тие за тон пченка пораснале на 257,25 евра, а за пченица паднале на 225,50 евра во однос на минатата недела. Чикашката берза CME бележи раст на цената за двете култури. На неа тон пченка се тргува по цена од 234,36 евра, а пчаницата за 236,80 евра.
Како причина се наведува поголемо производство во Аргентина, Европската Унија, Велика Британија, Мароко, Украина и САД, а која би требало да ги надомести нешто помалите приноси во Австралија и Канада. Руското производство од 85 милиони тони кои ги очекува USDA одговара на резултатите од претходната година.
Според оваа проценка, ќе се зголеми и глобалната потрошувачка на житарки за 7,8 милиони тони и тоа на нов рекорд од 778,7 милиони тони. Истакнуваат и дека нејзиниот извоз ќе расте и тоа во Алжир, Индонезија, ЕУ и Блискиот Исток. Меѓутоа, за Русија се најавува дека ќе биде повторно водечки извозник со 40 милиони тони. Предвиден е и поголем извоз од ЕУ, Аргентина и Украина. Европскиот е проценет на 33 милиони тони, после претходните 30 во минатата сезона. Глобалните залихи ќе останат стабилни на 295 милиони тони, а Кина ќе има поголем удел.
Светот купува повеќе соја
Се предвидува дека светското производство на маслодајни култури да достигне 632 милиони тони поради рекордно посеаните површини. Исто така, се очекува раст на производството за 23 милиони тони на 386 милиони. Се прогнозира и дека нивната глобална побарувачка ќе порасне за 3 проценти во претстојната сезона.
Бразилските приноси би можеле да се искачат на рекордни 144 милиони тони, додека се најавува дека следните аргентински приноси пораснуваат за пет милиони тони на 52 милиони тони. Во САД се предвидува зголемување на производството на соја од 112,5 на речиси 120 милиони тони.
Меѓутоа и глобалниот извоз на соја би можел да се зголеми за еден процент на 172, 9 милиони тони. Наведено е дека ќе се намали американскиот удел, додека бразилскиот ќе се зголеми од 50 проценти во 2020/21, нa 54 проценти во 2021/22.
Истовремено се предвидува дека кинескиот увоз ќе се зголеми за еден милион тони. Глобалните залихи на соја се предвидуваат на 91,1 милион тони, што е пораст од 4,6 милиони тони.
Извор: agroklub.com
