Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ГП Богородица работи нормално, а Евзони уште не е отворен
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ГП Богородица работи нормално, а Евзони уште не е отворен
Агровести

ГП Богородица работи нормално, а Евзони уште не е отворен

Објавено 14/05/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Најфреквентниот граничен премин Богородица кон соседна Грција утрово функционира нормално во очекување на поголемо сообраќајно раздвижување на патници и туристи, но граничниот премин Евзони на грчка страна, и покрај најавите, до овој момент, се уште не е отворен, потврдија од дежурната служба на ГП Богородица.

-Од утрово од 7 часот, за кога беше најавено отворањето на ГП Евзони, низ нашиот граничен премин кон Грција заминаа петнаесетина возила кои до овој момент се уште чекаат на Евзони за влез во Грција затоа што грчките гранични органи уште чекале официјален документ од Атина и додека не го добиеле, на ГП Евзони ќе се чека, рекоа од дежурната служба на ГП Богородица.

Инаку, состојбата на нашиот граничен премин е релаксирана. Граничните полицајци и царинските работници се подготвени за зголемен проток на туристи, но барем денеска ги нема во поголем број.

На нашата граница освен патни исправи не се потребни други документи, а за влез во Грција на ГП Евзони треба да се покаже вакцинален картон со примени две дози од која било вакцина од која втората доза треба да е примена најмалку пред 14 дена, негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или потврда за прележана болест.

Се очекува во текот на денот, ГП Евзони да ги дигне рампите за влез во Грција. откако ќе пристигне официјалниот документ од владата во Атина.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:богородицаевзони
Претходен напис Технологија за подигнување насад со јагоди
Следен напис Најголема цена на бензинот во САД во последните седум години
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?