Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Штипската филтер станица до крајот на годината ќе се приклучи на ХС „Злетовица“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Штипската филтер станица до крајот на годината ќе се приклучи на ХС „Злетовица“
Агровести

Штипската филтер станица до крајот на годината ќе се приклучи на ХС „Злетовица“

Објавено 13/05/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Градежните работи на штипската Филтер станица, кои треба да овозможат да се приклучи на цевководот на хидросистемот „Злетовица“ треба да завршат во јули, а потоа ќе следи фазата на поставување на современата опрема.

Директорот на ХС „Злетовица“, Миле Илиевски вели дека во моментов на оваа филтер станица течат градежните работи, со што жителите на Штип ќе добијат современа фабрика за вода со ултрафилтрација на водата за пиење, која ќе се дистрибуира преку цевководот од зафатот на ХС „Злетовица“. Планирано е до филтер станицата да пристигнуваат 300 литри во секунда вода за пиење, којашто ќе се преработува со ултрафилтрација и ќе се дистрибуира до домаќинствата.

-Моите информации се дека до крајот на септември би било да почне со пробна работа оваа нова филтер станица, додека за Општина Карбинци имаме две фази, од кои изградба на филтер станица и на цевковод со пристапен пат. Роковите за изградба се околу една година, изјави Илиевски.

Во моментот, водата за пиење од ХС „Злетовица” ја користат општините Пробиштип и Свети Николе. Владата во 2019-та година донесе одлука за дополнителни 6,5 милиони евра за адаптирање и изградба на нови филтер станици во Штип, Карбинци и Лозово, општините што треба да се приклучат на најсовремениот систем за водоснабдување ХС „Злетовица“.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Злетовица
Претходен напис ГП Богородица подготвен за најавеното отворање на копнените граници со Грција
Следен напис Утре се отвора границата со Грција, најави Заев по средбата со Мицотакис
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?