Во видео обраќање до земјоделските производители, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, ги повикува сите земјоделци да го запазат крајниот рок за пријавување за субвенции.
Досега аплицирале само 50% од земјоделските производители и со оглед на краткиот рок за пријавување до 31 мај, потребно е земјоделците да побрзаат.
Продолжување на рокот за аплицирање нема да има, потенцира министерот Хоџа.
