Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кои делови на Европа ќе бидат погодени од суша?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Кои делови на Европа ќе бидат погодени од суша?
Агропрогноза

Кои делови на Европа ќе бидат погодени од суша?

Објавено 12/05/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Календарски полека се приближува летото, иако ни останува повеќе од еден месец пролет, а раната пролет беше обележана со чести ладни бранови, па дури и снежни врнежи и оштетување од мраз.

Засега, не е многу потопло од просекот за овој период од годината, а Европа е еден од деловите во светот во кој се истакнуваат температурните аномалии, пишува порталот за прогнози Severe Weather Europe (SWE), кој деновиве објави долгорочна прогноза за летото пред нас.

Severe Weather Europe користи три главни сезонски модели – европските ECMWF и UKMO и CFSv2 од САД. Сите овие прогнози покажуваат просечна метеоролошка слика во текот на јуни, јули и август, но експертите забележуваат дека тоа не значи дека ваквите временски услови ќе траат буквално три месеци. Според нив ова само покажува и имплицира како може да изгледаат временските обрасци во опсег од 40 до 60 проценти од времето.

Според сите три модели, се очекуваат потопли од вообичаените услови во поголемиот дел од Централна и Јужна Европа, каде што може да се очекуваат суви периоди, но во помала мера отколку на западот на континентот.

Дали нè чекаат периоди без врнежи?

Според моделот ECMWF, летото во повеќето јужни и централни јужни делови на Европа, се предвидува да биде потопло од вообичаено. Причината за ова е ширењето на висок воздушен притисок од југ. Ваквите временски услови значат и можни силни топлотни бранови кои можат да траат подолго и со повисоки температури од вообичаеното.

Аномалиите на врнежите поради присуството на висок притисок над јужниот и централниот дел на континентот сугерираат на значително сушен период во југозападна и централна Европа. Затоа, големите суши може да се очекуваат во Шпанија, Франција и делумно во северен Балкан.

Од друга страна, моделот УКМО покажува зона со низок притисок на воздухот над северниот континент, само позападно отколку во претходниот модел. Според него, може да се забележат потопли воздушни маси над јужна и централна Европа, поради што во овие области се очекува потопло време од вообичаеното. Сепак, аномалиите не се толку силни како во предвидувањата на ECMWF. И за северниот дел на Европа УКМО предвидува значително потопло време од вообичаеното и суша на запад, особено во Шпанија и Франција.

Според третиот, американскиот модел CFSv2, повисоки температури може да се очекуваат во јужна и централна Европа, а се забележуваат постудени отстапувања на југоистокот на Балканот.

Овој модел на западниот континент, сепак, предвидува повлажни временски услови од вообичаеното, бидејќи CFSv2 ја повлече областа на понизок притисок во Северен Атлантик. Тоа значи продирање на потопол, но и на влажен воздух.

Се предвидуваат услови за суша и топли периоди на истокот и во централна Европа, како и на северен Балкан. За Ирска и северните делови на Обединетото Кралство и делови од јужна Скандинавија се предвидуваат влажни услови.

Извор: agroklub.com

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд
Таг:времесуша
Претходен напис Флорида прогласи вонредна состојба поради недостиг на гориво
Следен напис НБ: Поставеноста на монетарната политика е оценета како соодветна на макроекономските услови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?