Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нуредини: Во иднина ќе бидеме земја транзит за гас за другите земји
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нуредини: Во иднина ќе бидеме земја транзит за гас за другите земји
Агровести

Нуредини: Во иднина ќе бидеме земја транзит за гас за другите земји

Објавено 12/05/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Договорот меѓу Македонија и Грција за изградба на интерконекторот за гасно поврзување е 99 отсто подготвен и испратен до европските власти, истакнаа министрите за животна средина и енергија на двете земји Насер Нуредини и Костас Скрекас.

Министрите за животна средина и енергија на двете земји Насер Нуредини и Костас Скрекас на Делфи економскиот форум во Атина учествуваа на панел дискусијата за „Европскиот зелен договор”, на која учествуваше и извршниот потпретседател на ЕК Франс Тимерманс, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за енергија и животна средина на Грција, Костас Скрекас откри дека договорот е 99 отсто подготвен, рече дека се очекува одобрување од европските власти, но и дека е блиску почетокот на изградбата на интерконеторот, додавајќи дека Грција е подготвена да ѝ помогне на Македонија во реализација на плановите.

Министерот Нуредини истакна дека Македонија е во срцето на регионот и „во иднина ќе бидеме земја транзит за гас за другите земји“, но и ги претстави енергетските планови на земјата.

-Секако сме возбудени и среќни дека сме 99 отсто подготвени за да го потпишеме договорот за интерконекторот со Грција. Нешто што не само што ќе ни донесе различни извори на гас, туку ќе ни помогне исто така во поврзувањето со Албанија, Косово и Србија. Ние сме земја која се наоѓаме во срцето на регионот. Ние ќе бидеме во иднина земја транзит за гас за други земји, истакна Нуредини.

Се осврна и она што нашата земја го први за да се усогласи со зелената агенда на Унијата, објасни дека постојат многу предлог закони, други се веќе усогласени, додаде дека работиме на инфраструктура, но и истакна дека „реалноста е дека ние сме економски зад членките на ЕУ”.

-Прашањето е колку ќе не чини инфраструктурата за да ги постигнеме стандардите што ги бара ЕУ и ќе го постигнеме тоа, рече Нуредини, додавајќи дека се користат средби како од буџетот, така и од европските програми.

Објасни дека земјите како Македонија се зависни од лигнитот, рече 60-70 отсто од електричната енергија е од лигнит, сектор во кој има голем број вработени и додаде дека, би ни било од помош доколку и ние бидеме вклучени во Фондот за транзиција на ЕУ, кој засега е наменет само за земјите-членки, факт што го потенцираше и Тимерманс.

Извршниот потпретседател на ЕК Франс Тимерманс, рече дека треба да се интензивира соработката со земјите од Западен Балкан во однос на енергетската транзиција, ја спомена средбата со премиерот на Македонија Зоран Заев рече дека разговарале за огромните можности за изворите на енергија.

Паралелно, упати пофалби за тоа како Македонија и Грција работат заедно, создаваат можности, создаваат раст, создаваат нови работни места

-Во моментите на песимизам за иднината на Европа, кога ќе видиш што е можно кога две соседни земји решија конструктивно да работат заедно, само погледнете ги Македонија и Грција и ќе станете пооптимисти, истакна Тимерманс.

Додаде дека земји како Грција и Македонија се идеално поставени за да бидат водороден центар за целиот регион во иднина, на што министерот Нуредини одговори дека би можело да се поднесе барање на таа тема, но претходно потребно е да се направат соодветни анализи.

Грчкиот министер на панел дискусијата, освен за договорот за интерконекторот рече дека постои простор за соработка со Македонија и во други теми и изрази убеденост дека ќе постои соработка што ќе биде во корист на народите.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:нуредини
Претходен напис Владата го задолжи ЕСМ да изработи студија за изградба на фотонапонска електрана во Штип
Следен напис Пелин – Билка која треба да ја имате во домашната билка аптека
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?