Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мини киви – овошје идеално за органско производство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мини киви – овошје идеално за органско производство
АгровестиРастително производство

Мини киви – овошје идеално за органско производство

Објавено 31/05/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Мини киви (лат. Actinidia Arguta) е повеќегодишно растение со потекло од Јапонија, Кина, Кореја и Сибир. Има голем земјоделски потенцијал, а денес неговото одгледување е многу ретко. Чиле и Украина се водечки производители, малку се одгледува во САД и во Нов Зеланд.

Поради многу големата побарувачка и ограничувањата во производството за оние кои ќе се решат да започнат со оваа авантура, производството ќе биде многу профитабилно. Застапеноста на пазарот на свежо овошје е мала и има огромен потенцијал.

Како се одгледува?

Мини киви најдобро успева таму каде што климата е премногу остра за класичното киви, издржува температура до – 30 °C. Потребни се топли, заштитени места, со потпора за искачување и хумусна, добро дренирана почва со благо кисела pH вредност. Мини киви е отпорен на болести и штетници, не бара хемиски третмани и е идеално за органско производство. Одгледувањето е едноставно, потребна е само една резидба во вегетацијата. За развој на плодовите, потребно е да се засади машко и женско растение или сорта што се самооплодува.

Зрее на почетокот на октомври, а плодот е со големина од 2-3 см и тежи само неколку грама. Во споредба со обичното киви, мини киви може да се јаде целосно сосе кора. Вкусот на мини кивито потсетува на комбинација од ананас, јагоди, банани и сливи. Приносот е до 3000 плодови по растение по сезона.

Мини кивито се карактеризира со можност за зреење по бербата, а бидејќи плодовите се чувствителни, можат да траат само неколку дена на полиците на продавниците. Плодовите созреваат на собна температура и најдобро е да ги послужите малку разладени на температура од 15 – 18 °С. Голем избор на сорти кои се разликуваат по бојата на кората, внатрешноста, големината и обликот.

Супер овошје

Се смета за едно од најхранливите плодови и денес го вбројуваат многу високо на списокот на сирова храна – супер храна. Има исклучително висока содржина на витамин Ц, како и калциум, железо, калиум и растителни влакна, што го прави здраво овошје во текот на зимата. Исто така, има многу малку калории. Плодовите се полни со антиоксиданти кои помагаат да се намали ризикот од рак, кардиоваскуларни болести, а исто така се забавува и процесот на стареење. Помага при отстранување на токсините од телото, како и во намалување на нивото на холестерол, но исто така го намалува стеснувањето на артериите. Го одржува здравјето на коските, забите, видот и кожата. Го одржува нивото на шеќер во крвта, црвените крвни клетки и нервниот систем.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:мини киви
Претходен напис Турција преминува кон планско производство за да го обезбеди снабдувањето со земјоделски производи
Следен напис Заштита на виновата лоза од болести и штетници во сите фази од развојот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?