Лукот е еден од најпопуларните зачини во секојдневната кујна без кој не можеме да ги замислиме вкусните сосови за паста или други вкусни јадења или прилози.
Лукот им дава посебна нота на многу јадења, затоа не е ни чудо што е многу честа состојка во најразлични рецепти. Покрај тоа, овој зеленчук е познат по своите здравствени придобивки, особено кога станува збор за градење цврст имунитет, што навистина ни е потребен.
Постојат неколку важни совети што треба да ги следите при негово подготвување. Еве ги најчестите грешки:
Избор на лук
Секогаш купувајте лук за време на неговата сезона која трае од лето до рана есен. Избирајте лук што е светол и цврст, сув на допир, но внимавајте да не е премногу исушен. Избегнувајте подникнат лук, затоа што тоа покажува дека не е правилно одгледуван или можеби му поминал „рокот“ на свежина. Затоа избегнувајте главици со мали зелени врвови.
Неправилно складирање
Чувајте го лукот на суво и темно место со добра циркулација на воздух. Лукот мора да се чува на собна температура. Тоа ќе го спречи предвременото никнување или расипување на лукот. Можете да го чувате во хартиена или мрежеста кеса. Ако се чува правилно, лукот може да трае со месеци! Сепак, штом ќе почне да `рти, треба да знаете дека набрзо ќе се расипе. Избегнувајте да го ставате во фрижидер, бидејќи тоа може да ја расипе неговата текстура и вкус.
Грешки во подготовката
Колку повеќе го сецкате или го лупите лукот, толку повеќе испушта алицин и потежок вкус. Значи, ако барате поблага нота на лук (да речеме, за сосови), грубо исецкајте ги чешнињата на поголеми парчиња. Доколку сакате да му дадете силен вкус на лук на јадењето, најдобро е да го „смачкате“ во преса за лук затоа што така ќе даде подоминантен вкус.
Но, без оглед на формата на лук што ќе ја изберете, секогаш внимавајте парчињата да бидат изедначени во обликот и големината. Само така, лукот ќе се готви рамномерно, без делови кои ќе останат недосварени или пак ќе бидат преварени.
Кога се додава лук?
И покрај тоа што можеби тоа сте го слушнале, лукот не треба да го пржите во врело масло! Всушност, со тоа само ризикувате да го препржите и да ви изгори. Наместо тоа, чешните лук зачувајте ги за подоцна во процесот на готвење. На пример, кога правите сос, додадете лук во моментот кога веќе сè е подготвено, пред да додадете течност или кога веќе е сварен зеленчукот. Така лукот ќе го пушти целиот свој магичен вкус без да изгори, да стане жолт или крцкав.
Вид на лук
Иако ни се чини дека во подготовката на лукот нема што да се погреши, сепак не е толку едноставно. Иако можеби сте во искушение да купите претходно подготвена паста од лук (пр. макало) или лук во прав, готвачите советуваат дека е најдобро да се држите до свежите чешниња лук за најавтентичен вкус. Откако лукот ќе се исецка или отстрани од целата главица лук, аромата и вкусот почнуваат да се менуваат, а со текот на времето интензитетот „слабее“.
