Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: 50.000 хектари државно земјоделско земјиште Владата ќе стави на продажба, почетна цена од 20 до 60 денари по квадрат
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > 50.000 хектари државно земјоделско земјиште Владата ќе стави на продажба, почетна цена од 20 до 60 денари по квадрат
Агровести

50.000 хектари државно земјоделско земјиште Владата ќе стави на продажба, почетна цена од 20 до 60 денари по квадрат

Објавено 10/05/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

50.000 хектари државно земјоделско земјиште владата ќе стави на продажба. Парцелите ќе се продаваат на јавен оглас, а на лицитацијата почетната цена ќе се движи од 20 до 60 денари, во зависност од класата на земјиштето. Министерот за земјоделство Аријанит Хоџа за Алсат вели, приоритет во добивањето на државно земјоделско земјиште ќе имаат актуелните концесионери.

„Апсолутно, концесионерите ќе имаат предност. Бидејќи тие веќе го работат земјиштето, и тоа на долги години имаат земено, и зависно од културата која ја работат, и врз основа на тоа земјиштето кое го имаат под закуп ќе имаат предност пред другите“, рече Аријанит Хоџа, Министер за земјоделство.

Освен концесионерите, државно земјоделско земјиште ќе може да купат сите правни и физички лица. Ова не важи за странците и за компаниите со над 50 отсто странски капитал. Земјиштето треба да го користат најмалку 10 години и него да го користат согласно бизнис планот со кој аплицирале. Може и да изградат објект на парцелата, но тој да биде во согласност со дејноста. По тој период земјиштето ќе може да го продава. Доколку се утврди дека корисникот на земјиштето не игра по правилата, ќе му биде одземено и ќе плати висока парична казна.

„Му се раскинува договорот за закуп, ќе има посебна постапка за тоа, ќе треба да ги врати средствата за тоа што направил штета дополнително. Значи државата нема да загуби ништо. Значи, некој што сакал да купи земјоделско земјиште, а не го обработил за тоа што пропишува проектот тоа ќе биде санкционирано и земјоделското земјиште ќе се врати во сопственост на државата“, додава Хоџа.

Првичната верзија на Законот за продажба на државно земјоделско земјиште е прикачена на Единствениот национален електронски регистар на прописи, ЕНЕР. Сега надлежните очекуваат инволвираните да доставуваат мислења и ставови за драфт верзијата. Според очекувањата на властите, Законот може да биде готов најдоцна до јули годинава.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:владазакон
Претходен напис Каде најчесто се греши кога се приготвува лукот
Следен напис „MATRIX GROUP“ ја отвори сезоната на лубеници, првиот увоз од Турција
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?