Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Повеќе од 155 милиони луѓе во светот се соочуваат со недостаток на храна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Повеќе од 155 милиони луѓе во светот се соочуваат со недостаток на храна
Агровести

Повеќе од 155 милиони луѓе во светот се соочуваат со недостаток на храна

Објавено 07/05/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Двајца од тројца луѓе погодени од кризата во снабдување со храна во 2020 година живееле во Африка.

Речиси уште 20 милиони луѓе се соочиле со кризата во снабдување со храна минатата година, се наведува во најновиот извештај на Глобалната мрежа против кризата со снабдување со храна.

Global Network Against Food Crises report is now out!

Over 155 million people experienced acute food insecurity in 2020 – an increase of 20 million people compared to 2019.

We need to tackle hunger and conflict together 👉https://t.co/z1Zj12W4tE#fightfoodcrises pic.twitter.com/UrOFezEfCA

— Food and Agriculture Organization (@FAO) May 5, 2021

Вооружените судири и економските шокови – вклучувајќи ги и пандемијата ковид-19 и екстремните временски услови – „втурнаа“ најмалку 155 милиони луѓе во акутна несигурност во снабдување со храна во 2020 година, што е петгодишен рекорд, е оценето во извештајот, пренесува агенцијата Ројтерс.

Хуманитарната агенција, која во 2016 година ја основаа Европската Унија и Обединетите нации, предупредува дека акутната несигурност во снабдување со храна продолжила да се влошува од 2017 година, кога прв пат во својот годишен извештај укажала на криза во снабдувањето со храна.

„Мораме да направиме сè за да го запреме овој магичен круг. Во 21 век нема место за глад и гладување“, изјавил генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш.

Двајца од тројца луѓе погодени од кризата со снабдување со храна во 2020 година живееле во Африка, иако не се поштедени ниту другите делови на светот, како Јемен, Авганистан, Сирија и Хаити, кои се меѓу 10-те најпогодени земји.

„Пандемијата ја откри кревкоста на глобалниот прехранбен систем и потребата од поправедни, одржливи и поотпорни системи“, се наведува во заедничкото соопштение на ЕУ, Организацијата на Обединетите нации за храна, Светската програма за храна на Обединетите нации и УСАИД.

Во соопштението се додава дека кризата со храна ќе се влоши ако не дојде до радикални трансформации на нашите земјоделско-прехранбени системи.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:глад
Претходен напис Ја продала куќата и дала отказ за да се грижи за 200 напуштени животни
Следен напис Температурата на Земјата достигна рекордни нивоа од пред 3.000.000 години
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?