Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цените на житарките растат: Тон пченка 241, а пченица 258 евра?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Цените на житарките растат: Тон пченка 241, а пченица 258 евра?
Агровести

Цените на житарките растат: Тон пченка 241, а пченица 258 евра?

Објавено 07/05/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Дека светските залихи на житарки се сè помали докажуваат високите цени на пазарот. Освен тоа, сè поголеми се и цените за претстојните жетви, а земјоделците не паметат такви вреднсоти. Тон пченица според париската берза EuroNext чини 257,75, а според Чикаго CME 236,84 евра.

Растот на цените е поттикнат од слабата жетва во САД и проблемите што ги создаде метеоролошката појава Ла Нина во Јужна Америка. Големо влијание имаше и побарувачката од Кина, која на светскиот пазар купувала повеќе пченица, пченка, јачмен и соја отколку порано поради обнова на стадата свињи.

Покрај тоа, постојат и пресврти кои ги донесе пандемијата на коронавирусот, што доведе до нагло купување и складирање на залихи во бројни земји. И покрај рекордната жетва, Русија воведе високи извозни царини за борба против инфлацијата на домашниот пазар. Нивниот пример го следеше Аргентина и низа азиски земји. Проблеми создаваат и снабдувачките центри и растот на трошоците за превоз, пишува agrarheute.

Неизвесна глобалната понуда

Понатаму, изгледите за новата жетва на пченка и соја не се баш добри. Аналитичарите веруваат дека глобалната понуда ќе биде многу неизвесна до следната есен, бидејќи некои магацини се веќе празни. Американците се во проблеми бидејќи не можат да ја исполнат својата обврска за испорака кон Кина и останатите големи купувачи, која однапред е договорена. Тоа создава шпекулации и понатамошно зголемување на цените. Следствено на тоа, тон пченка на EuroNext чини 241,25, a на CME 239,05 евра. Со зоб се тргува за 219,33 eвра по тон.

Скоро целиот американски појас каде што се одгледува пченка го зафати суша и студ, а сувото време го погоди и северот. Тука културите слабо никнуваат поради недостиг на влага, ниски температури на почвата и мраз.
Тоа овозможува цените на новата жетва на пченицата во САД и Канада да се повисоки од старите, а веќе постигнаа осумгодишен максимум. На тоа влијаеле и многу високите цени на пченката, па пченицата се користи како замена за храна на животните.

Кина купува од Франција

Меѓутоа, цените најмногу ќе зависат од темпото со кое купува Кина. Иако тамошните власти моментално проценуваат дека и нивната жетва ќе биде добра, силосите стојат празни. Затоа нивната потреба за увоз и понатаму ќе биде голема. Со тоа, аналитичарите се сомневаат во кинеските бројки и сметаат дека ретко ја покажуваат вистинската состојба.

Руските полјоделци посеаја поголеми површини зимска пченица, но студениот бран кој ја зафати оваа земја како и некои региони во Европа би можел да ги намали приносите. Повеќе од 700 хектари во оваа земја ќе мора да бидат преорани, известува тамошната консултантска компанија IKAR, која ја ревидирала својата многу висока проценка на жетвата од 81 на 79,5 милиони тони, но и тоа ќе биде добар резултат.

Повеќето аналитичари сметаат дека големата руска жетва е многу потребна за донекаде да се осигураат глобалните залихи. Проценките за Европа сè уште не се завршени, иако на пример, Strategie Grains моментално предвидува многу поголема жетва на пченица отколку минатата година. Причина за тоа се поголемите површини во Франција, каде што жетвата би можела да биде добра и покрај мразот кој тука нанесе големи штети во аграрот.

Кина од оваа земја веќе нарачала големи количини а Франција стана една од нивните поважни извори за снабдување со житарки.

Извор: agroklub.com

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:житаркипченка
Претходен напис Во последните три години преку Планот за економски раст поддржани 800 компании со 70 милиони евра
Следен напис Нова инвестиција на „ЛЕАР“ и „Нормак Инвестмент Груп“ во ТИРЗ Тетово
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?