Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Делчево преку Источно-плански регион во 2020 реализирани проекти од над 20 милиони денари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Делчево преку Источно-плански регион во 2020 реализирани проекти од над 20 милиони денари
Агровести

Во Делчево преку Источно-плански регион во 2020 реализирани проекти од над 20 милиони денари

Објавено 05/05/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Делчево преку програмата за работа на Источно-планскиот регион во 2020 година се реализирани проекти во висина од над 20 милиони денари. Меѓу позначајните реализирани проекти во изминатата година, координаторот на ИПР Емил Василев ги напомена изградбата на пешачкиот мост и изградбата на агрометеоролошка станица.

-Во 2020 година е извршено плаќање за пешачкиот мост на река Брегалница кој беше дел од програмата за работа во 2019 година, а плаќањето е извршено во 2020 година. Исто така имаме повеќе проекти кои се спроведени преку Швајцарската амбасада. Минатата година самите знаете дека е година на пандемија и средствата беа во помал обем но Делчево како партиципиент имаше еднаква застапеност со проекти, како и во останати општини кои се рамномерно опфатени – истакна Василев

Како најзначаен проект кој во 2021 година ќе се реализира преку Источно-планскиот регион е изградбата на градскиот пазар чија изградба започна неодамна.

-Сите знаете дека оваа година ќе се прави градскиот пазар преку договор со Министерството за локална самоуправа. За реализација на втората фаза за чии градежни активности треба да биде распишан тендерот имаме на располагање 15 милиони денари кои исто така се обезбедени преку Источно-планскиот регион, додаде Василев.

Од општина Делчево изразија задоволство што искористеноста на средствата преку Источно-планскиот регион е на задоволително ниво поради што изразија надеж дека така ќе биде и во наредните години.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:делчево
Претходен напис Хрватска: Каде престанува приватното, а почнува јавното? Имаат ли мртвите поголеми права од живите?
Следен напис Американските фабрики се соочуваат со недостиг на работна сила
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?