Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Зголемено производството на месо, јајца и кравјо млеко
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Зголемено производството на месо, јајца и кравјо млеко
Агровести

Зголемено производството на месо, јајца и кравјо млеко

Објавено 04/05/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Производството на месо, јајца и на кравјо млеко минатата година било поголемо во однос на 2019 година, покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика. Зголемен е и бројот на говеда, свињи, кози и живина.

Статистика бележи намалување на бројот на овците, како и на производството на волна, овчо и козјо млеко.

-Вкупното производство на месо е зголемено за 5,1 отсто. Производството на кравјо млеко во 2020 година изнесува 405 217 000 литри што е за 3,7 отсто повеќе во однос на 2019 година. Намалување е забележано кај овчото млеко за 23,3 отсто и кај козјото за 7,7 проценти. Од другите добиточни производи, во 2020 во однос на 2019 година, забележано е зголемено производство на јајца и намалено производство на волна, наведува Државниот завод за статистика.

Според податоците, вкупниот број говеда лани бил зголемен за два процента во однос на 2019-та или кај индивидуалните земјоделски стопанства за 1,1 отсто, а кај деловните субјекти (земјоделските претпријатија и земјоделските задруги) за 37 проценти.

Бројот на свињите кај деловните субјекти во 2020 година, во споредба со 2019 година е зголемен за 67,8 отсто, а кај индивидуалните земјоделски стопанства за 8,5 отсто.

Бројот на живината е зголемен за 5,2 отсто, а бројот на козите за 8,5 проценти, додека бројот на овците е намален – кај индивидуалните земјоделски стопанства за 7,3 отсто, а кај деловните субјекти за 47 проценти.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:јајцамесо
Претходен напис Индустриското производство во март со раст, за првите три месеци забележан пад
Следен напис Над 600 овоштари пријавиле штети од пролетен мраз во Росоманско
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?