Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дизелот поскап за половина денар по литар, цената на бензините останува иста
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Дизелот поскап за половина денар по литар, цената на бензините останува иста
Агровести

Дизелот поскап за половина денар по литар, цената на бензините останува иста

Објавено 04/05/2021
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 59 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 58,50 денари.
Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,26 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 59 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 58,50 денари. ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава за 67, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 69 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,149 денари за килограм се намалува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 34,443 денари.

Како причина за промена на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар во изминатите седум дена кај бензинот во просек за околу 1,243 отсто и кај дизелот за околу 2,111 отсто, како и за 0,524 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:дизел
Претходен напис Наоблачување кон крајот на денов, утре услови за дожд
Следен напис Индустриското производство во март со раст, за првите три месеци забележан пад
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?