Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Подготвителен период за сите кои сакаат да аплицираат за добивање на финансиска поддршка преку мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Подготвителен период за сите кои сакаат да аплицираат за добивање на финансиска поддршка преку мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“
Јавни огласи и повици

Подготвителен период за сите кои сакаат да аплицираат за добивање на финансиска поддршка преку мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“

Објавено 30/04/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделствоото и руралниот развој, ги информира сите земјоделци, занаетчии, мали фарми и фирми дека од денеска почнува да тече подготвителниот рок за прибирање на целокупната документација која е потребна за аплицирање и добивање на финансиска поддршка преку мерката 7 „ Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ од ИПАРД 2 програмата.

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека согласно програмата, сите заинтересирани ќе може да поднесат барања за модернизација на постојните или отворање на нови погони за:

„Производство на прехрамбени производи и пијалоци, занаетчиски дејности, развој на услуги за руралното население како и промоција на руралниот туризам. Ова значи дека со средствата од Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ ќе може да се отвораат нови или да се модернизираат погони за тестенини, колачи, да се отворат или унапредат фарми за одгледување на зајаци, дивеч, полжави, слатководни риби, насади за дрва и дрвна маса, како и отворање на ресторани кои нудат угостителски услуги и сместувачки капацитети.“ – појаснува Бачовски.

Согласно програмата 65% од прифатливите трошоци за реализиација на инвестициите ќе им бидат вратени на апликантите.

Откако ќе заврши овој рок од 30 дена за подготовка и прибирање на потребната документација за аплицирање, Агенцијата во наредниот период ќе објави повик за Мерка 7 „ Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ .

Апелираме до сите заинтересирани, при поднесување на апликациите да водат сметка и уште при аплицирање да го достават целиот сет на барана документација која е утврдена согласно Упатството за корисници на средства од ИПАРД 2, Мерка 7. Сите информации околу потребната документација може да се најдат на веб страна на Агенцијата, www.ipardpa.gov.mk .

Преку оваа мерка „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ се создаваат услови за развој на најмоќниот дел од економијата а тоа се малите и микро претпријатија кои се моторот на домашната економија и кои ќе помогнат во развој на руралните средини. Со користење на европските средства од петтата компонента на инструментот за претпристапна помош се унапредува и осовременува домашниот агро-сектор, а со тоа се овозможува зголемено производство, квалитет, како и пласман на домашните земјоделски производи во странство.

Може да ви се допадне

До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Општина Градско распиша јавен повик за пријавување на штети од мраз во земјоделството
Јавен повик за прибирање понуди за градежни работи за логистичко-дистрибутивниот центар во Гази Баба, Скопје
Таг:Никола Бачовски
Претходен напис Се излеа водата од канал на хидросистемот „Брегалница“ и поплави објекти во Кочани
Следен напис Соколески: Жителите да не палат оган на отворено, а полицијата да биде вклучена во превентирање на пожарите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?