Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ако сакате да имате лаванда, билка со илјада квалитети во градината, обезбедете ги овие услови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ако сакате да имате лаванда, билка со илјада квалитети во градината, обезбедете ги овие услови
Агровести

Ако сакате да имате лаванда, билка со илјада квалитети во градината, обезбедете ги овие услови

Објавено 29/04/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Татковина на лавандата се сувите и сончеви карпи на западниот Медитеран. Ова мора да го имаме предвид кога одгледуваме лаванда, па иако не можеме да и ги обезбедите придобивките од медитеранската клима, можеме да и обезбедиме основни услови, како што е почва со добра пропустливост. Затоа, ќе ја подобриме глинестата почва со додавање на компост и остар песок. Лавандата сака алкална почва, па ако е кисела, треба да и се додаде вар.

Познати се триесетина видови лаванда. Лавандата е зимзелена грмушка висока околу 60 сантиметри и со ширина најмалку 120 см.

Најчесто се одгледува раноцветна L. angustifolia (син. L. officinalis, L. vera и L. spica), која се карактеризира со тесни сиво-зелени листови и исправени стебленца, со виолетови или сини цветови.

Примена: како покривка на почвата, за жива ограда и граничници, цветни леи, природни градини и за садење во саксии.

Напомена: Во првата година на одгледување, исечете ги цветните пупки за да поттикнете формирање на посилни корени и густа, убаво обликувана лаванда. По цветањето, лавандата се реже за околу една третина и се продолжува со наводнување.

Лавандата го добила своето име од латинскиот збор „lavare“, што значи миење, затоа што се додавала во бањите, во водата за миење лице и вода за перење како мирис и лековито растение. Нејзините лековити својства првпат ги спомнува Хилдегард од Бинген во 12 век. Според народната медицина, лековитите ефекти на лавандата се повеќекратни. Се користи како средство за миење на лицето и телото (бањи, тоалетна вода), за бркање молци, за арома и за лекување на многу болести. Маслото од лаванда има и антиревматски својства, кои се особено изразени при триење на заболените места со масло од лаванда, како и при подготовка на бањи со лаванда.

Маслото од лаванда помага при мигрена и главоболки. Се нанесува на местата каде што чувствуваме болка. Може да ставиме и неколку капки масло од лаванда на коцка шеќер кога сме возбудени, вознемирени, при несвестица, вртоглавица, наплив на крв во главата, стомачни тегоби, надуеност, грчеви на матката и цревата …

Лавандата е корисна и за одбивање на многу инсекти. Можеме да се бориме со молците со лаванда, пелин, кора од лимон или портокал, нане и рузмарин. Друга работа што треба да се знае, лавандата е едно од цвеќињата што може да се јадат, а вистински деликатес е сладоледот од лаванда!

Извор: living.vecernji.hr

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:лавандацвеќе
Претходен напис Нуредини: Со Планот за управување со Националниот парк „Шар Планина“ ќе се гарантира заштита на биолошката разновидност
Следен напис Земјоделски календар за месец мај
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?