Во време на голема конкуренција, но и криза во угостителскиот сектор, особено кога зборуваме за хотелските комплекси, дефинитивно треба да се биде иновативни и поразличен – тоа е единствениот „рецепт“ за успех.
Хрватите се обидоа да одговорат на тој предизвик, а списанието Форбс го наведе објектот „Вила Нај 3,3“ меѓу деветте хотели од соништата на Медитеранот. Хотелот треба да започне со работа оваа година.
Сместен е на малиот остров Дуги Оток, а посебен е по тоа што неговиот поголем дел е под земја.
Како што изјавил дизајнерот на новиот хотел, во него има 5 соби и три апартмани, а идејата е на гостите да им се обезбеди најавтентичен контакт со природата, бидејќи се наоѓа на десет хектари маслинова градина на Жман.

Зад оваа атракција не стојат странски инвеститори, туку еден одгледувач на маслинки, Горан Моровиќ од Сплит. Хотелот е изграден со помош на државни субвенции.

„Вила Нај 3,3“ е хотел со 5 ѕвезди, кој на гостите им нуди прекрасен ентериер, базен со солена вода, затворен базен со сауни, потоа СПА центар со третмани со маслинки, просторија за пушење, бар, два ресторани, тениско игралиште.
Посебен фокус бил на изборот на постелнина, квалитетниот мебел, опремата за бања и козметиката. Во исто време, хотелот може да има најмногу 16 гости. Цената е во согласност со квалитетот на услугата: за една ноќ во атрактивно сместување на Јадранско Море, ќе мора да платите повеќе од 1.000 евра, а оваа цена се искачува до 2.000 евра во екот сезона.
Извор: Telegraf.rs
