Фондот за иновации и технолошки развој денес на ден 28.04.2021 година, објавува Јавен конкурс за за финансирање под инструмент за поддршка „Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин оф“.
Преку овој Инструмент се очекува да се поттикне развој и воведување иновации, да се обезбеди поддршка за правните лица кои сакаат да развијат нов или подобрен производ, процес, и/или услуга.
На овој јавен повик можат да учествуваат:
- трговски друштва основани согласно Законот за трговски друштва и регистрирано во Централниот регистар на Република Северна Македонија или
- тим кој се состои од најмногу 5 (пет) членови – физички лица;
Трошоци подобни за финасирање се:
- Бруто плати со вклучени додатоци на плата дефинирани согласно Законот за работни односи (работа за празник, работа во недела, работа во смени, ноќна работа и др.) за лица кои се или ќе бидат вработени кај корисникот и директно учествуваат во реализација на проектот. Износите на бруто плати за вработените лица ангажирани на проектот треба да соодветствуваaт на воспоставените практики на корисникот пред почетокот на проектот, намалени за износот на потенцијална државна субвенција примена по основ на плата;
- Набавка и/или изнајмување на опрема и потрошни материјали за истражување и развој;
- Поддоговорни услуги за истражување и развој (пр. тестирање, лабораториски услуги и сл.);
- Ангажирање на експерти/советници за истражување и развој;
- Ангажирање на консултанти за потреби директно поврзани со резултатите на проектот (експертиза за иновациски менаџмент, финансиски менаџмент, мобилизација на средства, бизнис развој, маркетинг експретиза за тестирање на пазарот и валидација на потенцијалните корисници, правни работи, заштита на интелектуална сопственост и друго);
- Подготовка и поднесување на пријава за патент, заштита на трговска марка и/или индустриски дизајн
- Канцелариска и деловна поддршка (наем на деловен простор, режиски трошоци, банкарски провизии, сметководствени услуги, хостинг и останати видови на оперативни трошоци поврзани со реализација на проектот) во максимален износ од 15% од вкупниот буџет на проектот.
Преку овој инструмент, Фондот за иновации и технолошки развој обезбедува:
- до 90% (деведесет проценти) од вкупниот буџет на проект, но не повеќе од 40.000 (четириесет илјади) евра во денарска противвредност за трговски друштва до 3 (три) години постоење до моментот на аплицирање или за трговско друштво кое ќе се основа во рок од 30 дена по прием на Известување за селекција на предлог проект (во случај кога како апликант се јавува тим), односно
- до 85% (осумдесет и пет проценти) од вкупниот буџет на проект, но не повеќе од 60.000 (шеесет илјади) евра во денарска противвредност за трговски друштва со над 3 (три), а помалку од 6 (шест) години постоење до моментот на аплицирање.
Преостанатиот износ (10% (десет проценти), односно 15% (петнаесет проценти)) од вкупниот буџет за проектот треба да биде обезбеден од страна на апликантот.
Вкупен буџет за јавниот конкурс изнесува 2 милиони евра во денарска противвредност.
При аплицирањето треба се доставви:
- проектна апликација;
- буџет на проектот;
- изјава на Апликантот за прифаќање на условите на Фондот;
- прашалник за животна средина и
- Нотарски заверена изјава за сопственичка – основачка структура на апликантот (освен во случај кога како апликант се јавува тим, истата се доставува по основање на трговското друштво).
- кратки биографии на лицата кои го сочинуваат проектниот тим ангажиран во проектот (најмногу за 5 (пет) лица).
Рокот за аплицирање за јавниот конкурс за кофинансирани грантови за старт-ап и спин-оф компании е до 12.06.2021год. до 14.00часот.
Јавниот повик во целост е објавен на Веб страната на Фондот за Иновации и технолошки развој https://fitr.mk/startapuvaj3/
