Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Легенди за јоргованот – Како виолетовиот јоргован станал бел и зошто е симбол на љубовта?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Легенди за јоргованот – Како виолетовиот јоргован станал бел и зошто е симбол на љубовта?
Магазин

Легенди за јоргованот – Како виолетовиот јоргован станал бел и зошто е симбол на љубовта?

Објавено 13/04/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Јоргованот е симбол на радост и живот.

Од дамнешни времиња, луѓето засадувале јорговани, со цел да ги збогатат своите дворови со опоен мирис и нежни цветови. Луѓето ги користеле цветовите од јоргованот за чистење на своите домови од зли духови, заштита од уроци, за благослов, привлекување на позитивна енергија. Бројни легенди се поврзани со ова украсно растение.

Според една од нив, јоргованот настанал кога пролетта го избркала снегот од нивите и го подигнала сонцето на небото. Природата тогаш, славејќи ја победата, фрлала боја на растенијата и на една зелена грмушка додала виолетова и бела боја. Така процветал јоргованот.

Виолетовиот јоргован ја симболизира првата љубов, а белиот младешката невиност. Според стара легенда, виолетовиот јоргован станал бел откако некој го оставил на гробот на млада девојка која се самоубила поради љубов.

Илјадници сорти на јоргованот се разликуваат по времето на цветање, големината, бојата, мирисот и бујноста. Популарноста на јоргованот се должи на едноставното одгледување и уникатните мирисни ноти. Расте брзо, а висината зависи од сортата и се движи од два до десет метри. Има скромни побарувања и е многу отпорен на штетници и болести.

Неповторлива декорација на милиони градини

Оваа прекрасна грмушка цвета во април и мај, а потекнува од Балканот и од Мала Азија. Во 13 век, кралот Урош Први засадил стотици садници долж долината на Ибар, како знак за добредојде на неговата идна сопруга, принцезата Јелена Анжујска.

Четири века подоцна, јоргованот почнал да го освојува светот, а на својот голем поход започнал од Отоманската империја. Од областа на денешна Турција, се ширел низ Европа, а потоа и низ целата планета. Така стана украс во милиони градини.

Денес има околу 25 видови јорговани, од кои настанале повеќе од илјада хибриди со цветови во сите нијанси на виолетова, сина, розева, бела, црвена и жолта, единечни и двојни, кои не цветаат само во април и мај. Кај некои сорти цветањето трае целото лето.

Јоргованот – Syringa vulgaris – цвета на гранчиња стари меѓу две и пет години. Режењето треба да се прави секоја втора година, за да се обезбеди обилно цветање. Оваа повеќегодишна грмушка се сади во есен или пролет, на сончево место. Добро ќе успева и во полусенка, но нема да цвета во сенка.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:јоргован
Претходен напис Времето денеска сончево со умерена локална облачност и јужен ветер
Следен напис Дива мачка регистрирана во заштитеното подрачје Вевчански извори
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?